Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Чамјува, на 10 km од Кемер и 65 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот е реновиран во 2023 година.
Хотелот располага со 269 соби распоредени во хотелска зграда и во вили. Сите соби се со балкон, поглед на градина, базен или поглед на планина, сопствено купатило со туш кабина и фен, влечки, систем за климатизација, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалаци на пристигнување, а потоа се доплнува само со вода), сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција.
Главна хотелска зграда
Стандардна соба 36 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило.
Делукс апартман 72 m², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со простор за седење, одвоени со врата, едно купатило.
Кралски апартман 72m², една спална соба со француски кревет и џакузи во собата, една дневна соба одвоени со врата, едно купатило.
Вили
Lake супериор соби 20-25 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило.
Lake фамилијарен апартман 41m², две одвоени спални соби, едно купатило.
Lake Swim up супериор соби на кат 20-32 m², една спална соба, едно купатило.
Lake Swim up фамилијарен апартман 41 m², две одвоени спални соби, едно купатило, директен пристап до базен.
Garden superior соби 22-25 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило.
Garden Superior фамилијарен апартман 43 m², две посебни спални соби, едно купатило.
Deluxe Duplex 200 m² вила 200 m² , две спални соби, една дневна соба, три купатила, кујна.
Услуга
Ultra all inclusive 24 часовна услуга со храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски, ручек, попладневни закуски, вечера, полноќно бифе, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови во текот на денот, снек бар на плажа од 09:00 до 18:00 часот.
Со доплата: увозни пијалаци кои не се на мени листата, премиум увозни пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен, лоби бар, снек бар на плажа, À la Carte ресторани - италијански, рибен и турски кујни во различни денови од неделата, барови низ целиот хотелски комплекс.
Со доплата: доктор, продавници, фризер, телефон, факс, интернет, чување деца, перење алишта и хемиско чистење се доплаќаат.
WI-FI интернет е бесплатен.
Плажа
Хотелот има приватна плажа со песок и камчиња на 250 метри и 500-700 метри од делот на вилите, со бесплатни крпи, лежалки и чадори за сонце.
Има бесплатен трансфер до плажа.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени, детски базени, два тобогана, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терени, пинг-понг, одбојка, кошарка .
Се доплата: спортови на вода, масажа, СПА и центар за убавина, осветлување на тениски терени и опрема.
Забава со дневни програми и вечерни шоу програми.
Мини клуб за деца од 4 - 12 години, детско игралиште, програми во текот на денот и мини диско навечер.