Положба Хотелот се наоѓа во областа Колакли, оддалечен 53км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 500. Стандардни соби (22м², една спална соба, купатило, мах. 2+1 лице), Фамилијарни соби (38м², две спални соби одделени со врата, купатило, мах. 4 лица) и 3 соби за хендикепирани лица. Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и минерална вода се дополнува секој ден), сеф (со доплата), сателитска телевизија и музички канали, ламинат, балкон.
Услуга Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, вечера, доцни вечерени закуски и ран утрински појадок, сладолед во одредени часови од денот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-00.00 часот, A’la Carte ресторани со предходна резервација и еднаш во тек на престој, бар на плажа од 10.00-17.30 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални локални и увозни вина, свежо цедени сокови, витамин бар, цевки за вода, собна услуга, пијалоци во диско клубот.
Содржина Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: италијански, турски и рибен ресторан, барови во лоби, покрај базен и на плажа. Со доплата: доктор, чување на деца, перална и хемиско чистење, телефон, интернет и компјутерски игри, фризер, шопинг центар, изнајмување на автомобил.
Плажа Хотелска приватна, песочна плажа, оддалечена 400м од хотелот. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни. Има бесплатен шатл превоз од хотел до плажа.
Спорт и Забава Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, нов аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг-понг, одбојка на плажа. Со доплата: масажа, велнес и спа центар, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години.