Положба
Хотелот се наоѓа во областа Туклер, 22 km од Аланија и 105 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот е реновиран во 2014 година. Хотелот располага со 204 соби во една главна зграда. Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима уред, телефон, мини бар (обична и минерална вода на пристигнување, потоа се дополнува само со вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Стандардни соби 25-30 m², една спална соба.
Корнер апартмани 40-45 m², една спална соба со француски кревет и една софа.
Апартман 40-45 m² една спална соба со два кревети
Соби со пристап до базен 40-45 m² една спална соба со два кревети, тераса со пристап до базенот
Услуга
Услугата во хотелот е Ultra All Inclusive 24 часовна услуга со храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, чај, кафе и колачи во поладневните часови, вечера, ноќни закуски, ран појадок, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Со доплата: увозни пијалаци кои не се на мени листата, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, турско кафе, услуга во соба, VIP Lounge À la Carte ресторан со претходна резервација и со доплата.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани, бар покрај базен и на плажа. Wi-Fi интернет е бесплатен.
Со доплата: Доктор, фризер, телефон, факс, интернет, продавници.
Плажа
Хотелска песочна плажа.Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени базени, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа. Забавни програми во текот на денот, жива музика навечер и танцови претстави два пати неделно.
Со доплата : СПА и велнес центар, турска бања, сауна, спортови на вода, базенот на врвот на хотелот, масажи, билијард.