Локацијаа
Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук, на 55 км од аеродромот во Анталија, 9 км од центарот на Кемер.
Сместување
Хотелот располага со вкупно 267 соби во главната зграда, анекс зграда и бунгалови.
Сите соби имаат бања со туш кабина, фен, централна клима, ламинат (освен собите на приземје во бунгаловите, кои имаат плочки на подот), телефон, мини бар (се доплаќа), сеф ( се доплаќа), WI-FI интернет (бесплатно , сателитска ТВ со музички програми, балкон).
Стандардни соби во главната зграда 21м2; спална соба со брачен кревет + дополнителен кревет, бања.
Стандардни соби во бунгалови 21м2, спална соба со брачен кревет + дополнителен кревет, бања.
Стандардни соби со кревети во бунгалови 21м2, спална со брачен кревет, бања.
Ларџ соби 40м2, сместени во анекс зграда, спална соба со брачен кревет + софа за 2 лица, бања.
Фамилијарни соби 45м2, лоцирани во главната зграда, две спални соби одделени со врати, бања.
Јуниор фамилијарни соби 40м2, сместени во анекс зграда, спална соба со брачен кревет и два дополнителни кревети одделени со преграда, бања.
Услуга
Услугата во хотелот е All inclusive појадок шведска маса, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, чај, кафе, вечера, ужина доцна навечер. Сите локални пијалоци од 10:00 до 12:00 часот се бесплатни, снек бар на плажа од 10:00 до 17:00 часот.
Со доплата: сите увозни пијалоци, A'la Carte ресторани, флаширани пијалоци, свежи овошни сокови, енергетски пијалоци, пијалоци во Диско бар, мини бар во собата, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A'la Carte ресторани - италијански, лоби бар, барови покрај базен и плажа, витамин бар, турско кафуле и диско бар. WI-FI интернет во фоајето, собите и на плажата е бесплатен.
Со доплата: доктор, чување деца, перална, рент а кар, фризер, трговски центар, телефон, факс, интернет и игри се достапни со доплата.
Плажа
Хотелот има приватната плажа со песок на 180 метри од хотелот (пат помеѓу хотелот и плажата). Во услугата е вклучено користење на лежалки и чадори. Користење на пешкири за плажа со депозит.