Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кунду, 25 км од центарот на Анталија и 15 км од аеродромот.
Сместување
Вкупен број на соби 429. Стандардни соби: 379 (26м², една спална, едно купатило, 2+1 лица), Quad Стандардни соби: (26м²,една спална со Француски кревет + 2 помошни кревети, едно купатило 3+1 лица), Фамилијарни соби: (52м², 2+2 лица, една дневна, две спални соби, две купатила), Јуниор Суит: (33м², 2+1 лица, една спална соба со брачен кревет, софа и гарнитура за седење, едно купатило), соби за хендикепирани лица (26м², специјално дизајнирани), Детски Суит: (52м², две одвоени спални со купатило), King Суит: (131м², една дневна соба, две спални, едно купатило со џакузи и уште едно со када), Претседателски Суит: (213м², на најгорниот кат од хотелот, две спални и една спална за послуга, дневна со дел за ручање и дел за работа, едно купатило со џакузи и уште едно со када ).
Сите соби се со поглед на море или градина, со балкон или тераса, купатило со када и фен, влечки, централна клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секој ден), сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, интернет конекција.
Гостите од King суитите и од Претседателскиот суит имаат ВИП концепт (бесплатен трансфер до аеродром, експресно пријавување и одјавување од хотелот, секојдневно дополнување на мини барот, корпа со овошје, џус, увозно пиво, кафе и чај, два пати во денот чистење на собата, цвеќе во соба, собни папучи, бањарка, пешкири за на плажа, перална, безжичен интернет).
Услуга
High End Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, колачи, сладолед, вечера, доцна полноќна шведска маса. Сите домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите, пијалок за добредојде и корпа со овошје во соба за добредојде, не се наплаќа. Луксузните пијалоци, сите флаширани пијалоци, специјалните вина, услуга во соба, пијалоците и цигарите во Lounge, A’la Carte ресторани со претходна резервација, се наплаќаат, и се користат само еднаш за време на престојот. Во Италијанскиот A’la Carte ресторан не е дозволено за деца помали од 12 год.
Содржини
Jasmine-главен ресторан-шведска маса, Sunset snack bar за ужина, 6 A’la Carte ресторани: Cavalli (Италијанска кујна), Casa Mexicana (Мексиканска кујна), Wabi Sushi Japanese (Јапонска кујна), Wabi Tepenyaki (кујна од Далечниот Исток), Fes (Турска кујна), Green Fish (ресторан за морска храна), барови на различни локации околу хотелскиот комплекс, IC café, IC Cream world, Free Zone диско клуб. Телефон, факс, шопинг центар, фризер, доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, internet café, компјутерски игри, rent a car, се наплаќа. WI-FI (ниска брзина) е бесплатно.
Плажа
Песочна приватна хотелска плажа, со пешкири, чадори за сонце и лежалки кои не се наплатуваат. Приватните павиљони на плажа со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, тениски игралишта, сквош, мал фудбал, мини голф, одбојка на плажа, пикадо не се наплаќа. Спортови на вода, осветлување на тениски терени, опрема и часови по тенис, масажа, Спа и велнес центар, билијард, куглање, школа за нуркање се наплатуваат. Забавна програма преку целиот ден за возрасни и деца, натпревари покрај базенот и на плажа. Специјален шоу програм навечер кој се менува секој ден. Мини клуб за деца од 04-12 год во тек целиот ден и во вечерните часови.