Положба Хотелот се наоѓа во областа Кестел, оддалечен 6км од центарот на Аланија и 140км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 350, лоцирани во една главна зграда и бунгалови. Стандардни соби во бунгалов (28м², една спална соба, едно купатило, мах.2+1 лице), Соби со кревети на спрат во бунгалов (28м², една спална соба со француски кревет + кревети на спрат, едно купатило, мах.2+2 лица), Супериор соби во главна зграда (36м², лоцирани во главната зграда, една спална соба, едно купатило, мах.2 лица), Супериор фамилијарни соби во главна зграда (36м², лоцирани во главната зграда, две спални соби одделени со врати на лизгање, едно купатило, мах.4 лица), Фамилијарни соби со две спални во бунгалов (56м², две спални соби одделени со врата, едно купатило, мах.4 лица), Суит соби во бунгалов (56м², една спална соба и една дневна соба споени со врата, едно купатило, мах.3 лица). Сите соби се опремени со купатило со туш или када, фен, централен клима уред, телефон, мини бар (само вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, керамички под, балкон или тераса.
Услуга Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневна закуска, кафе, доцни вечерни закуски, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, ресторан со закуски на плажа. Не е вклучено: узвезени пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, сладолед, А’la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, пијалоци во Coco бар, сите пијалоци после 24:00 часот.
Содржина Главен ресторан со шведска маса, А’la Carte ресторани – италијански, рибен и ресторан за скара, бар со закуски на плажа, бар покрај базен и во лоби. Со доплата: доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, фризер, продавници, изнајмување на автомобил. WiFi интернет конекцијата во лоби бесплатна.
Плажа Хотелска приватна плажа, со песок и ситни камчиња. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни, пешкирите со депозит.
Спорт и Забава Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, лизгалки на вода, фитнес центар, тениски терени, пинг-понг, одбојка на плажа, кошарка, мини голф, турска бања, сауна, парна бања. Со доплата: спортови на вода, масажа, СПА и велнес центар, билијард, осветлување на тениските терени и опрема за тенис. Забавни програми со професионален тим во текот на денот, покрај базен и на плажа, голем број на натпревари за возрасни и деца, специјални вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години, детско игралиште, мини диско во вечерните часови.
Standard Room
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
02/06/2024
Површина 28 м², 202 сместувачки единици, максимален капацитет: 3 возрасни.
Стандардна двокреветна соба со поглед на море - Анекс зградите се лоцирани во зградата со бунгалови. Секоја сместувачка единица има два одделни или брачен кревет, балкон или тераса, централен клима уред, Wi-fi, ТВ, сеф, сет за кафе и чај и мини-бар. Бањата поседува када или туш, огледало за шминка, влечки и фен за коса. Овие соби се погодни за двојки и мали семејства.
Површина 36 м², 16 сместувачки единици, максимален капацитет: 3 возрасни. Собите се со поглед на море се наоѓаат во главната зграда. Секој соба има брачен кревет, балкон или тераса, централен клима уред, Wi-fi, ТВ, сеф, сет за кафе и чај и мини-бар. Бањата поседува када или туш, огледало за шмина, влечки и фен за коса. Овие соби се погодни за двојки и мали семејства.
Големина на соба 34 m², максимален капацитет 3 возрасни + 1 дете или 2 возрасни + 2 деца се состои од 2 единечни кревети и 1 кревет на спрат.
Овој климатизиран бунгалов поседува телевизор со рамен екран со сателитски канали, приватна бања, тераса, сет за кафе, мини бар, Wi-fi.
Површина 36 м² , 40 сместувачки единици, максимален капацитет: 4 возрасни.
Семејните соби со две спални се наоѓаат во главната зграда. 2 посебни спални соби со лизгачка врата, еден брачен и два единечни кревети, една бања со туш кабина огледало за шмина, влечки и фен за коса, балкон или тераса - централен клима уред, , Wi-fi, ТВ, сеф, сет за кафе и чај и мини-бар. Овие соби се погодни за двојки и мали семејства.
Големина на собата 56 м², 39 сместувачки единици, максимален капацитет: 5 возрасни.
Сместени во зградата на бунгалови, овие соби се со 56 м2 и максимум можат да сместат 3 возрасни и 2 деца или 5 возрасни. Сместувачките единици се состојат од две спални соби со поврзувачка врата (дополнителен кревет на спуштање), бањи, 2 балкони или 2 тераси, бања со туш кабина огледало за шмина, влечки и фен за коса, балкон или тераса поглед градина, централен клима уред, , Wi-fi, ТВ, сеф, интернет, сет за кафе и чај и мини-бар.
Големина на собата 56 м², 8 сместувачки единици, максимален капацитет 4 возрасни.
Сместени во зградата на бунгалови, овие апартмани се со површина од 56 м2, една спална соба и една дневна соба со поврзувачка врата. Максимум сместување 2+2 лица имаат брачен кревет, дополнителни кревети на отворање, балкон или тераса. Секој апартман има централна климатизација (наизменично) и керамички под. Секоја соба има и LED телевизор со локални и меѓународни канали, телефон со директно бирање, сеф, сет за кафе и чај, мини-бар (водата е бесплатна). Бањите во секоја соба вклучуваат керамички подови, када, огледало за шминка, влечки, бањарка, фен за коса и секојдневно чистење на собата.