Хотелот се наоѓа во Лара регионот, 12 км од аеродромот во Анталија и 19 км од центарот на Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 276. Стандардни соби: 240 (26м²; една спална-француски кревет + еден единичен, едно купатило,макс. 2+1 лица), Фамилијарен Суит: 12 (52 м²; две спални одвоени со врата, две купатила, макс. 3+1 лица).
Сите соби се со купатило со туш кабина и фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секојдневно), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон.. WI-FI интернет конекција е бесплатна.
Услуга Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, ручек, вечера, ужини во тек на денот, сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци и стандардни увозни пијалоци , сладолед попладне во одредени часови, A‘la Carte ресторан со претходна резервација и само еднаш за време на престој. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални и увозни вина, свежо цедени сокови, собна услуга.
Содржини Главен ресторан-шведска маса, A‘la Carte ресторани: Cilantro – Италијанска кујна, Turkuaz - Турска кујна, Capari – рибен ресторан, барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, rent a car, фризер, салон за убавина, шопинг центар дополнително се наплатуваат, WI-FI интернет со ниска брзина во Лобито и во соби е бесплатен.
Плажа Хотелска песочна, на 700 м, и ситни камчиња плажа, лежалки, чадори за сонце, пешкири за на плажа не се наплатуваат. Бесплатен превоз до плажа во тек на целиот ден.
Спорт и забава Отворени и затворени базени за возрасни и деца, 9 водени лизгалици, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пикадо. Масажа, Spa центарот, салон за убавина, осветлувањето за тениските терени, часови по тенис, рафтинг, школата за нуркање, билијард, водени спортови се наплатуваат. Забавна програма со анимации во текот на денот и вечерните часови. Мини клуб за деца од 03-12 години.