Положба
Хотелот е лоциран во областа Okurcalar-Alanya, 32 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија. Бесплатен шатл превоз од хотелот до Аланија, Сиде или Манавгат со претходна резервација на рецепција.
Сместување
Вкупен број на соби 617 во пет згради лоцирани во прекрасна ботаничка градина. Стандардни соби 584 (27м²,една спална соба, една бања, макс. 2+2 лица), фамилијарни соби 30 (54м², две одвоени спални соби , една бања, макс. 4+1лица) и 3 соби за хендикепирани лица. Собите имаат балкон или тераса со поглед на градина, бања со туш, када и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, тепих или паркет на подот, мини бар (вода и сокови, пива , ореви и чоколади се дополнува секој ден), бокал со топла вода , сет за кафе и чај, сеф, ЛЦД ТВ сателитска и музички канали.
Услуга
Се вклучено-шампањско за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, колачи, кафе, чај, сладолед, свежо цеден сок, вечера, полноќен оброк. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар кој се дополнува секој ден со вода, сокови, пиво, ореви и чоколади, A’la Carte ресторани со претходна резервација (еднаш за време на престојот од една недела). Диетална храна и храна за деца во главниот ресторан. Увозните алкохолни и безалкохолни пијалоци, специјални вина и премиум пијалоци, флашираните пијалоци, понатамошно користење на A’la Carte рестораните дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан Park со шведска маса, A’la Carte ресторани-Ottoman (Турска кујна), Mr. Fish (морска храна), Dolce Vita (Италијанска кујна), China House (Кујна од Далечен Исток), Hiro Suschi (Јапонска кујна) и Teppenyaki A’la Carte ресторан, барови на различни локации околу хотелскиот комплекс, диско клуб. Доктор, фризер, перална, шопинг центар, rent a car, соба со компјутерски игри се наплатуваат.Wi-fi интернет конекција во лобито е бесплатена.
Плажа
Хотелска плажа со ситни камчиња, пешкирите за на плажа, лежалките и чадорите за сонце не се наплатуваат.
Спорт и забава
Надворешен базен, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, Џакузи, тениски игралишта, пинг понг, одбојка на плажа, немоторни водени спортови не се наплатуваат. Опрема и часови за тенис, масажа, салон за убавина, билијард, куглање, моторизирани водени спортови и училиште за нуркање дополнително се наплатуваат. Забавна програма, натпревари, вечерни шоу програми, еднаш неделно Турска вечер и Гала вечера. Мини клуб за деца и Забавен парк се само дел од богатата програма.