Положба
Хотелот се наоѓа во областа Okurcular-Alara, 32 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија. Има бесплатен шатл превоз од хотелот до Аланија, Сиде или Манавгат, со претходна резервација на рецепција.
Сместување
Вкупен број на соби 447. Стандардни соби 234 (31м², макс. 2+2 лица), 208 фамилијарни соби (43м², две спални соби одвоени со врата, една бања, макс. 4+1 лица). Собите се со бања со туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, ламинат на под, сеф, мини бар (сокови, пиво, вода, ореви се надополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, LCD TV сателитска и музички канали, балкон.
Услуга
Се вклучено-шампањско за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, колачи, кафе, чај, сладолед, свежо цеден сок, вечера и оброк во доцните ноќни часови. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар со вода, сокови, пиво, ореви и чоколадо кој секојдневно се дополнува, A’la Сarte ресторани со претходна резервација (еднаш за време на престојот од една недела). Диетална храна и храната за деца се во главниот ресторан. Увозни алкохолни и безакохолни пијалоци, специјални вина и премиум пијалоци, флаширани пијалоци, понатамошно користење на A’la Carte рестораните дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан Park Restaurant со шветска маса, A’ la Сarte ресторани -Vivaldi (Италијанска кујна), Sakuta (кујна од Далечен исток), Sabor (Мексиканска кујна), Lebanon (Либијска кујна), Risus (Грчка кујна), барови на разни локации околу целиот хотелски комплекс, диско клуб. Доктор, фризер, перална, продавници, rent a car, интернет и компјутерски игри дополнително се наплатуваат.Wi-fi интернет конекција е бесплатна.
Плажа
Хотелска плажа со ситни камчиња, пешкири, лежалки, чадори за сонце не се наплатуваат.
Спорт и забава
Отворен базен кој го делат заедно со Botanik хотел + еден за гостите од Platinum хотел кој е еден голем отворен и затворен базен, детски базени (затворениот базен кој е само за гостите од хотелот), лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, џакузи, тениско игралиште (со Botanik хотел), пинг понг, одбојка на плажа, немоторизирани спортови на вода не се наплатуваат. Тениска опрема, часови по тенис, масажа, салон за убавина, билијард, куглање, моторизирани спортови на вода и школа за нуркање дополнително се наплатуваат. Забавна програма, натпревари, вечерни шоу програми, еднаш неделно Турска вечер и Гала вечера. Мини клуб и забавен дел за деца (со гостите од Botanik хотел) за деца од 04-12 години се само дел од богатата програма.