Положба
Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, 5 км оддалечен од Сиде и 48 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 450. Супериор стандардни соби 351 (52m²; една спална соба и едно купатило, макс. 3+1 лице), Дуплекс фамилијарни соби 20 (70m²; на спрат една спална соба со врата и едно купатило, на приземје спална соба за деца и купатило со туш кабина, макс. 4 лица), Фамилијарна соба со конекциска врата 10 (77m²; две спални соби одвоени со врата, макс. 2+2 лица), Јуниор апартмани 26 (85m²; една спална соба, една дневна соба, купатило со џакузи, соби со поглед кон море макс. 3+1 лице), Taj Mahal фамилијарни соби 38 (77m²; две спални соби, ходник, една спална со џакузи во бањата, друга спална соба со туш кабина во бањата, макс. 4 лица) и 5 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со поглед кон море, страничен поглед кон море и поглед кон копно, со купатило со када или туш кабина, фен, централна клима која работи според временски услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци и пиво), електричен бокал, сет за кафе и чак, сеф, тепих на подот, LCD TV со сателитски програми, балкон.
Услуга
Ултра Се Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладне торти и колачи, ужина, вечера, ужина во вечерните часови, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкхолни пијалоци, сладолед за време на вечерата, мини бар во собите. НЕ Е ВКЛУЧЕНО: луксузни увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, A’la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, свежо цедени сокови, шампањ, собна послуга.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Gusto Della Note –Италијанска кујна, La Filika - морска храна и Agra – Мексиканска и Индиска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, продавници, телефон, факс, интернет кафе и компјтерски игри, рент а кар дополнително се наплаќаат. WI – FI интернет конекција со слаба брзина е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со лежалки, чадори и пешкири кои се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца (внатрешните базени се затворени во текот на летниот период), аква парк со 9 лизгалки, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг се бесплатни. Масажа, СПА центар, салон за убавина, осветлување за тениски терени, куглање, билјард и сите спортови на вода дополнително се наплатуваат. Аква парк, Луна парк и тениските игралишта се користат заедно со хотелот Royal Dragon. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми и мини клуб за деца од 04 – 12 години.