Положба Хотелот се наоѓа во областа Кумкој, оддалечен само 8км од центарот и 55км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 300 лоцирани во една главна и две анекс згради (2 спрата, без лифт и преку улицата, на 220м од плажа). Стандардни соби во главна зграда (спална соба, купатило, мах.3 лица), Економски соби во анекс (спална соба, купатило, мах. 2 лица). Сите соби се исто опремени (во главна зграда и анекс), со купатило со туш, фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (вода само при доаѓање), сеф (со доплата), под со ламинат, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга Се вклучено – шведска маса за појадок, ручек, попладневно кафе, чај и торти, вечера, вечерни закуски, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-23.00 часот, бар на плажа од 10.00-16.30 со безалкохолни пијалоци и пиво. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, сладолед, сите флаширани пијалоци, специјални вина, собна услуга, пијалоци во диско клубот, A’la Carte ресторани, Patisserie.
Содржина Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторан – Турска и Италијанска кујна, барови покрај базен, бар на плажа, бар во лоби. Со доплата: доктор, перална, телефон, интернет кафе, изнајмување на автомобил, шопинг центар. Wi-Fi интернет конекцијата е бесплатна во лоби.
Плажа Хотелска песочна плажа, на 200м од хотел. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни, пешкирите со доплата.
Спорт и Забава Надворешни и внатрешни базени, лизгалки на водам фитнес центар, пинг-понг. Со доплата: турска бања, сауна, масажа, билијард, велнес и центар за убавина, компјутерски игри, тениски терен, спортови на вода. Забавни програми – анимација во текот на денот и вечерта.