Положба
Хотелот е лоциран во центарот на Кемер, 50 км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 330. Стандардни соби (34м², една спална и едно купатило, макс.2+1 лица), October Fest или Beer соби (34м², една спална, едно купатило, сет за пиво, макс.2+1 лица), Фамилијарни Дуплекси (66м², на првиот кат една спална со купатило, на горниот кат два единечни кревети и купатило, макс.4 лица), Делукс Corner соби (59м², една спална со француски кревет и дел за седење, купатило со Џакузи, голем балкон, макс.2+1 лица), Соби за хендикепирани лица: 3
Сите соби се со балкон, купатило со туш кабина, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и минерална вода), сеф, сет за кафе и чај, електричен бокал, ламинат на подот, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет.
Услуга Ултра Се Вклучено-главен ресторан со шведска маса, појадок, доцен појадок, ручек, вечера, четири A’la Carte ресторани, подвижни килички за брза храна и улични камиончиња за храна, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок за време на појадокот, сладолед во одредени часови од денот, енергетски пијалоци. Дополнително се наплаќаат-сите флаширани пијалоци, луксузни и премиум пијалоци, специјални вина, шампањско, A’la Carte ресторани.
Содржини Главен ресторан, A’la Carte ресторани, снек бар, бар покрај базен и околу хотелскиот комплекс. Продавници, фризер, перална и хемиско чистење, доктор, чување деца, телефон, факс, интернет кафé и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат.
Плажа Хотелска приватна плажа, песок и камчиња. Лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.
Спорт и забава Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, сауна, Турска бања, парна бања, Џакузи, тениски игралишта, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг. Дополнително се наплаќаат-осветлување на тениски игралишта, опрема и часови по тенис, куглање, билијард и компјутерски игри, масажа, Спа центар и салон за убавина, спортови на вода, нуркање. Забави програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, спортски активности, кино, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год., мини диско, мини кино.