Положба Хотелот се наоѓа во областа Titreyen gol, оддалечен 5км од центарот на Сиде и 65км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 181, поделени во два блока. Стандардни соби (28м², една спална соба, едно купатило, мах. 2+1 лице). Фамилијарни соби (45м², две одвоени спални соби, купатило, мах. 4 лица - до тие соби се стигнува по скали. Сите соби се опремени со купатило со када, фен, клима уред кој работи согласно временските услови, телефон, мини бар (вода се дополнува секој ден), сеф, под со ламинат или тепих, сателитска телевизија и музички канали, балкон.
Услуга Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, вечера и ноќна ужина. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10-24 часот, бар на плажа од 10-18 часот со безалкохолни пијалоци и пиво, А’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: сите видови на увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, сладолед, сите пијалоци во Pamfilya bar .
Содржина Главен ресторан со шведска маса, бар со закуски, бар покрај базен и на плажа, A’la Carte ресторан – турска кујна. Со доплата: доктор, перална и хемиско чистење, фризер, чување на деца, телефон, интернет, изнајмување на автомобил. Wi-Fi интернет конекцијата е бесплатна покрај базен и во лоби.
Плажа Хотелска плажа, оддалечена 450м од хотелот. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни покрај базен и на плажа.
Спорт и Забава Надворешни базени за возрасни и деца, две лизгалки на вода, турска бања, сауна, фитнес соба, тениски терен, пинг-понг, одбојка на плажа. Со доплата: спортови на вода, осветлување на тениските терени и опрема за тенис, масажа и билијард. Забавни програми во текот на денот, шоу програми навечер. Мини клуб за деца 04-12 години, детско игралиште, мини диско навечер.