Положба
Хотелот се наоѓа во областа Kızılagac, 12км од Манавгат и 75км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 586. Стандардни соби 442 (27м², макс.2+1 лица), corner A соби 40 (41м², една спална, дневна, купатило, макс.2+2 лица), фамилијарни А соби 40 (61м², две спални и дневна, макс.3+2 лица), corner Б соби 32 (45м², две спални соби и дневна, макс.3+2 лица), фамилијарни Б соби (71м², две спални, дневна, две купатила, макс.6 лица). Сите соби се со купатило со када и туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, плочки на подот, мини бар (вода, сокови и пиво на пристигнување), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, вечера, полноќна ужина, сладолед, A‘la Сarte ресторани (Анатолиа, Италијански и Мексикански ресторант со резервација и дополнителна наплата), сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во соба (бесплатни пијалоци само на пристигнување). Сите увозни пијалоци, флаширани пијалоци, вина и шампањско, свежо цедени сокови, A‘la Сarte ресторани (Азиски и рибен ресторант), дополнување на мини бар, услуга во соба, дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан - Aspendos, A‘la Сarte ресторани, барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, rent a car дополнително се наплатуваат.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песок и ситни камчиња, лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, тениски терени, мини фудбал, одбојка, пинг понг, мини голф, фитнес центар, Турска бања, сауна, немоторизирани спортови на вода. Масажа, салон за убавина, моторизирани спортови на вода, школо за нуркање, дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и во вечерните часови, мини клуб за деца од 04-07 год. и од 08-12 год.