ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови, игралишта,забавни паркови, таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос. Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.
Вилата “КЛЕОПАТРА“ е модерна вила,лоцирана е на самата плажа, модерно опремена вила. Секоја соба има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар додека во апартманите има голем фрижидери и голем ел.шпорет со фурна.Секоја соба има стандардно купатило и вц.Секоја соба има клима уред и тв.Вилата има и безжичен интернет и голем паркинг кој функционира на прво слободно место.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 17.05, 24.05, 31.05 И ПЕРИОД 06.09, 13.09 и 20.09 СЕ ВОНСЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ КАКО ПАКЕТ АРАНЖМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а за превоз се доплаќа:
- 10 € по лице ( задолжително плаќаат две лица).
- трето,четврто,петто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат
- 45 € за возрасни – повратна
- 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
- 30 € за возрасни или деца – карта во еден правец
- Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште.
ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 07.06 до 30.08 СЕ СЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- 45 € за возрасни – повратна карта
- 35 € за деца до 12 години – повратна карта;
- 30 € за возрасни или деца – карта во еден правец
- Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
- Користењето клима уред и wi-fi е бесплатно.
- Пред вилата има голем паркинг, кој го користат туристите на принцип прво слободно место.паркингот е бесплатен.
- За рано резервирање (eb) се уплатува аванс 50% од вредноста на аранжманот додека трае акцијата.остатокот од 50% 21 ден пред поаѓање.
- Патниците треба минимум 48 часа да се информираат за часот и местото на поаѓање.
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде е возможно да застане.
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€=62 ден.).
- За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена.
- Кога има акциски попуст или кога едната смена е вонсезонска на втората смена не се одобрува дополнителен попуст.
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот.
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање.
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања, СРЕДСТВАТА НЕ СЕ ВРАЌААТ.
- Доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (повраток на средства) само доколку патникот сам си најде замена за веке резервираната соба.
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови за патување.
- Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија.
- Во случај на направена поголема штета во студијата , сопственикот на вилата може да наплати на лице место за направената штета или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета.
- Агенцијата нема одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата.
-Туристичка такса се плаќа во агенција 1,5 € од ноќ за апартманите (доколку дојде до промена на цената за туристичката такса од страна на грчките власти,цената ќе биде променета).
1/2 + 1/2 + 1 Apartment No.1,3
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
24/05/2024
АПАРТМАН БР.1 (1/2)+(1/2)+1 дете 5 ЛИЦА
Апартманот се наоѓа на високо приземје.
Во кујната има еден кревет поединечен + еден поединечен кревет од кој се извлекува уште еден кревет на висина како поединечниот .Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли,голем фрижидер и комплетен кујнски инвентар.Во кујната има Тв и маса за ручавање.Спалната соба има еден дупол кревет (француски).Апартманот има плакар за алишта и клима уред.Има сопствено купатило и WC.Излегува на тераса со страничен поглед на море.
АПАРТМАН БР.3 (1/2) +(1/2) 4 ЛИЦА
Апартманот се наоѓа на први кат.Во кујната има еден поединечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување.Кујната е опремена со голем ел.шпорет со рерна,голем фрижидер и комлетен кујнски инвентар.Во кујната има маса за ручавање, ТВ и клима уред.Спалната соба е со дупол кревет (француски),плакар за алишта. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со страничен поглед на море.
АПАРТМАН БР.2 (1/2) +(1/2) 4 ЛИЦА
Апартманот се наоѓа на први кат.Во кујната има еден поединечен стандарден кревет и еден кревет на извлекување под поединечниот.Кујната е опремена со вградена плотна со две рингли,голем фрижидер и комлетен кујнски инвентар.Во кујната има маса за ручавање, ТВ и клима уред.Спалната соба е со дупол кревет (француски),плакар за алишта.Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со директен поглед на море.