Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има сино знаме за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн...
Куќа “Evangelia“ се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, во многу мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос. Во куќата располагаме со 5 наши апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Куќата располага со сопствен двор со зеленило, цвеќиња, сопствена ѕидана скара и маси и столови во дворот. Има паркинг веднаш зад куќата.
Апартманброј 2(1/4+1) – втор кат. Има одвоена спална соба со брачен кревет, 2 стандардни кревети + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со кујна, која ги има сите потребни елементи. Апартманот има долга, но многу тесна тераса која гледа кон градина. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.
Апартманброј 3 (1/3+1) – втор кат. Апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со опремена кујна. Пространа тераса со страничен поглед море. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.
Апартманброј 4 (1/6+1) – прв кат. Најпростран и најголем апартман во вилата. Има одвоена спална соба со брачен кревет и еден единечен стандарден кревет. Дневната соба е со целосно опремена кујна, има единечен кревет + кревет на извлекување и софа на пуштање ( димензија на брачен кревет) . Има пространа голема тераса со поглед позади со маса и столчиња и сопствен тоалет. Од двете соби се излегува на терасата.
Апартманброј 5 (1/4) – прв кат, со поглед кон градина, има многу тесна, но долга тераса со маса и столови. Апартманот е простран, има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со постар мебел и сопствен тоалет.
Апартманброј 6(1/3+1)– прв кат, простран апартман со страничен поглед море со голема тераса. Од двете соби се излегува на терасата. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба, 1 стандарден + 1 кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со постар мебел, сопствен тоалет и кујна со сите потребни елементи.
12 % ПОПУСТ НА ВОНСЕЗОНСКИ И 17 % ПОПУСТ НА СЕЗОНСКИ ЦЕНИ ЗА 50 % УПЛАТА ВЕДНАШ И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА ЗАКЛУЧНО СО 15.03.2025
ПОПУСТОТ Е ВАЖЕЧКИ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ЗАКЛУЧНО СО 03.02.2025
ВАЖНИ НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
- ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 25.05 - 22.06 И ПЕРИОД 31.08– 21.09 СЕ ВОНСЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ КАКО ПАКЕТ АРАНЖМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а за ПРЕВОЗ се доплаќа:
1. Во апартман бр.4 задолжителна доплата 10 € за прв, втор и трет возрасен (дете).
- четврто лице возрасно доплаќа 50 €, а во еден правец 40 €;
- четврто лице дете од 2 до 12 години доплаќа 40 €, а во еден правец 35 €;
- деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
2. Во апартман бр.2,3,5 и 6 задолжителна доплата 10 € за прво и второ лице;
- трето и четврто лице возрасно доплаќа 50 €, а во еден правец 40 €;
- четврто лице дете од 2 до 12 години доплаќа 40 €, а во еден правец 35 €;
- деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
- ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 29.06– 24.08 СЕ СЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За прв и втор возрасен се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €.
За трет, четврт, петти возрасен се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €.
За деца од 2 до 12 години се доплаќа по 40 €, а во еден правец 35 €.
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2,00 евра на ден по студио/апартман.
- Цените објавени се конечни, без скриени трошоци. Т.А. Саватоурс МК не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во €, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 € = 62 мкд).
- Попустите не можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени не следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени не може да се комбинира.
- Т.А. Саватоурс МК го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Т.А. Саватоурс и поради овие причини не можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
1/4 Apartment Garden View No.5
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
25/05/2025
Апартман број 5 (1/4) – прв кат, со поглед кон градина, има многу тесна, но долга тераса со маса и столови. Апартманот е простран и има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 6 (1/3+1) – прв кат, простран одличен апартман со страничен поглед море со голема тераса. Од двете соби се излегува на терасата. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба и 1 стандарден + 1 еден кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет и кујна со сите потребни елементи.
Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат. Квалитетен апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со целосно опремена одлична кујна. Пространа тераса со страничен поглед море. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
1/4 + 1 Apartment Garden View No.2
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
25/05/2025
Апартман број 2 (1/4+1) – втор кат. Има одвоена спална соба со брачен кревет, 2 стандардни кревети + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со одлична кујна, која ги има сите потребни елементи . Апартманот има долга, но многу тесна тераса која гледа кон градина. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 4 (1/6+1) – прв кат. Најпростран и најголем апартман во вилата. Има одвоена спална соба со брачен кревет и еден единечен стандарден кревет. Дневната соба е со целосно опремена кујна, има единечен кревет + кревет на извлекување и софа на пуштање ( димензија на брачен кревет) . Има пространа голема тераса со поглед позади со маса и столчиња и сопствен тоалет. Од двете соби се излегува на терасата.