НЕИ ПОРИ – едно од најурбанизираните места во Пиериа, идеално за фамилијарен одмор. Основни карактеристики на Неи Пори се долга и широка песочна плажа, паркови и зеленило, широки улици, ресторани и кафетерии покрај плажа, луна парк и картинг патека.
Вила АДОНИС (А-кат) се наоѓа во вториот дел на местото, на околу 200 метри од плажа. Сите соби се опремени со кујна, ТВЦ, ТВ и тераса. Користењето на WI-FI е бесплатно. Климата е со доплата од 5 € на ден.
- 15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.12.2024 - 10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 28.02.2025
НАПОМЕНА : - Цените се дадени по студио за 7 ноќевања во евра, плаќањето е во денарска противвредност (1 € = 62.00 МКД). На промо цените не следува попуст.
- ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 24.05 – 07.06 И ПЕРИОД 13.09 – 20.09 СЕ ВОНСЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ СО ПРОМО ЦЕНИ.
- Климата е со доплата од 5 € на ден. - Aранжманите кои се во рамките на ПРОМО понудите не подлежат на промена и не е можна рефундација на средствата.
- Туристичката такса од 1,5 € на ден – по соба се плаќа на лице место
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Пиериа :
Скопје (Дрводекор) – 45€ по лице
Штип (паркинг пред пошта) - Трансфер до Велес – 60€ по лице
Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) - 45€ по лице
Неготино (бензинска пумпа, Неготино) - 45€ по лице
Граничен премин(бензинска пумпа Шимов) – 45€ по лице
- Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 € од редовната цена
- Деца до 1,99 години бесплатно
Време на поаѓање превоз од Скопје за Пиериа:
- 03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес
- 04:00 h Скопје (Дрводекор)
- 04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
- 05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино)
- 06:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов)
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ :
- За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст. Попустот важи само на редовни цени;
- Попустите не може да се комбинираат.
- Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
- Важат општите услови на ТА “Саватоурс МК“ и СКТМ.
ЧЕТИРИКРЕВЕТЕН (1/4) АПАРТМАН : 4 единечни кревети (2 во спална соба + 2 во собата каде се наоѓа кујната),
комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (југ) и клима.