Сивири е место кое се наоѓа на западниот прег на фамозната Касандра! Сместено помеѓу густата борова шума од едната страна и тиркизно синото море од другата страна, Сивири нема да ве остави рамнодушни во ниеден случај. Ситно песочната плажа му е фантастична за незаборавен семеен одмор, а плиткиот влез во Егејското море им овозмужува на најмалите по цел ден да се на плажа без никакви грижи! Да не го заборавиме најдобрата страна на ова магично место, во топлите летни денови сонцето заоѓа околу 21:00!
Вила Христос е со едната нога во песок, во средината на самото шеталиште во Сивири! Сите нејзини соби се целосно опремени како што пишува подолу, а сега ќе ви кажеме дека сите тераси се странично позиционирани кон море и можете секојдневно да го уживате зајдисонцето во удобноста на вашиот апартман/студио. Располага со двокреветни, трокреветни студија и четрикреветни апартамни, што значи дека можат да одговарат на сите структури!
Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса, телевизори, WI-FI и клима уреди - сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што ќе Ви го прави престојот во Сивири не само удобен, туку и безгрижен.
ПОПУСТИ ЗА РАНА УПЛАТА:
10% ПОПУСТ НА ТЕРМИНИТЕ ДО 14.06.2025. (ОСТАНАТИТЕ ТЕРМИНИ НЕ ПОДЛЕЖАТ НА ПОПУСТИ ЗА РАНА УПЛАТА)
НАПОМЕНИ:
- Цените се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања;
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);
- Сместувањето во студијата е после 14:00 часот по локално време);
- Напуштање на студијата е во 09:00 (по локално време);
- Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите.
- За хигиената во студијата во текот на целиот престој се грижат гостите.
- Плаќањето се врши во денарска противвредност по курс 1eur = 62,00 мкд.
ПОПУСТИ: - За уплатени два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.
- Различните попусти не се комбинираат , односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.
- Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот.
УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА:
- Уплата 50% од износот на аранжманот.
- Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање.
- Сите резервации направени или платени по предвидениот датум за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во период на доплата.
ПРЕВОЗ:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур. по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:
- 45 € возрасни ( еден правец 35 €)
- 35 € деца од 2 - 12 години ( еден правец 30 €)
- БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште).
1/2 Studio
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
31/05/2025
ДВОКРЕВЕТНО (1/2) СТУДИО се опремени со кујна која е опремена со основен прибор за јадење и готвење, купатило, ТВ и клима чие користење е бесплатно. Промената на постелнината е еднаш во текот на престојот. Вилата има WI-FI за чија конекција агенцијата не може да одговара.
ТРИКРЕВЕТНО (1/3) СТУДИО се опремени со кујна која е опремена со основен прибор за јадење и готвење, купатило, ТВ и клима чие користење е бесплатно. Промената на постелнината е еднаш во текот на престојот. Вилата има WI-FI за чија конекција агенцијата не може да одговара.
ЧЕТИРИКРЕВЕТЕН (1/4) АПАРТМАН : се опремени со кујна која е опремена со основен прибор за јадење и готвење, купатило, ТВ и клима чие користење е бесплатно. Промената на постелнината е еднаш во текот на престојот. Вилата има WI-FI за чија конекција агенцијата не може да одговара.