Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг.На оддалеченост од 400км. и 30 мин.возење со траект се пристигнува на островот Тасос.Зелен остров комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на морето.Изобилува со борова шума и мирис на медовина,природни сенки и планински возвишенија.Ипсарион со 1.204мнв е планината која гордо извишена стои над плажата Скала Потамиа и Голден бич.Во должина од 3км.се простира плажата на Скала Потамиа и Голден Бич споени во една плажа , означени со плаво знаменце за чистота и квалитет.Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот одсјај , плажата асоцира на злато.
Вила “ШАРК“ лоцирана во Скала Потамиа на оддалеченост околу 30 метри од плажата Голден бич.Извонредна местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот.На само неколку метри од вилата има супермаркети,ресторани,таверни
12% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 16.11.2024! 10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ ! 7% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 30% АВАНС И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ !
ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ ДО 16.11.2024 !
ВАЖНИ НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
- Цените за дадените смени се однесуваат за наем на студио / апартман за 7 ноќи
- Користењето на клима уред со доплата5 € од ноќ од соба
- Користењето на wi-fi е бесплатно
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
- 65 € за возрасни – повратна карта
- 50 € за деца до 12 години – повратна карта;
- 50 € за возрасни или дете – карта во еден правец;
- Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
- Поаѓање од Скопје на паркингот спортска сала Борис Трајковски во 01:00 часот
ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА:
- 20 € за возрасни – повратна карта;
- 15 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта
НАПОМЕНИ:
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цeните се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
– Кога има акциски попуст на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови на патување;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во студијата / апартманите, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата нема одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во Aгенција 2 € од ноќ за студијата ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
1/2 Studio No 1
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
30/05/2025
СТУДИО БР.1 (1/2)
Студиото се наоѓа на приземје.Има еден дупол кревет,клима уред, кујната која е основно опремена со кујнски инвентар за лесни оброци без пржење,мал фрижидер,решо со две рингли, аспиратор, Овде има плакар за алишта и клима уред.Од кујната се излегува на сопствен двор декоративно среден со маса и столици и полн со зеленило. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
АПАРТМАН БР.2 (1/2+1/1 +1)
Апартманот се наоѓа на приземје и располага со две простории.Во првата просторија е кујната која е основно опремена со кујнски инвентар за лесни оброци без пржење,голем фрижидер,ел.шпорет со фурна, аспиратор,чајник и има кревет на спуштање наменет за спиење на 1 возрасен+1 дете.Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв, плакар за алишта и клима уред.Од апартманот се излегува на сопствен двор декоративно среден со маса и столици и полн со зеленило.Апартманот располага со стандардно купатило и WC.