Куќа „Цимбукас“ е лоцирана на извонредно мирна и тивка локација, помеѓу приватни куќи на почетокот на Неа Флогита. Оддалечена е околу 250 метри максимум од песочната плажа.
Има сопствен затворен паркинг, голем убаво уреден зелен двор со ѕидана скара. Располагаме со 4 мезонети за 4 лица од вкупно 8 во вилата, кои на приземјето имааат два одвоени кревета и комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет, а на спратот брачен – француски кревет.
Исклучително квалитетно уредена, во комбинација на модерен и традиционален стил, дрво и камен. Пред секоја од мезонетите има голем трем – тераса. Куќата е една од најквалитетните воопшто во понудата на нашиот пазар која сигурно ќе ги задоволи вкусовите и на најпробирливите патници. Изградена е целосно во лето 2019 година. Интернетот и климата се вклучени во цената.
Напомени и услови:
- ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 19.05 – 23.06 И ПЕРИОД 01.09 – 22.09 СЕ ВОНСЕЗОНСКИ (ПРОМО)И СЕ ДАДЕНИ КАКО ПАКЕТ АРАНЖМАН ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а за превоз се доплаќа:
За прв, втор и трет возрасен се доплаќа по 10 €, а во еден правец 10 €
За четврт, петти возрасен ... се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За деца од 2 до 12 години … се доплаќа по 40 €, а во еден правец 35 €
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 30.06 – 25.08 СЕ СЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За прв и втор возрасен се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За трет, четврт, петти возрасен ... се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За деца од 2 до 12 години … се доплаќа по 40 €, а во еден правец 35 €
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
Попуст -17% заклучно со 24.02.2024 за целосна уплата
- Во мезонетот дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени не следува попуст.
- Т.А. Саватоурс МК го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по мезонет.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Т.А. Саватоурс МК не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во било кој објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Т.А. Саваторс МК и на самата агенција и поради кои не можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
1/4 Maisonette
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
19/05/2024
Располагаме со 4 мезонети за 4 лица од вкупно 8 во вилата, кои на приземјето имааат два одвоени кревета и комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет, а на спратот француски кревет.