Куќа „La Plage“ е лоцирана во новиот дел на Неа Флогита, прва линија море, на сама плажа. Располагаме со 3 четирикреветни студиа, 2 четирикреветни апартмани и 2 дуплекс апартмани (сите со директен, отворен поглед на море). Сите соби располагаат со пространи балкони, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени реновирани тоалети со пешкири. Интернетот и климата се вклучени во цената. Паркинг простор обезбеден пред вилата. Пред вилата има кафе бар со лежалки во кој нашите патници имаат попусти и поволности.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
- ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 19.05 – 23.06 И ПЕРИОД 01.09 – 22.09 СЕ ВОНСЕЗОНСКИ (ПРОМО) И СЕ ДАДЕНИ КАКО ПАКЕТ АРАНЖМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а за превоз се доплаќа:
*ЗА НАЕМ НА СТУДИО
За прв и втор возрасен се доплаќа по 10 €, а во еден правец 10 €
За трет, четврт, петти возрасен ... се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За деца од 2 до 12 години … се доплаќа по 40 €, а во еден правец 35 €
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
*ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН
За прв, втор и трет возрасен се доплаќа по 10 €, а во еден правец 10 €
За четврт, петти возрасен ... се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За деца од 2 до 12 години … се доплаќа по 40 €, а во еден правец 35 €
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
*ЗА НАЕМ НА ДУПЛЕКС
За прв, втор, трет и четврт возрасен се доплаќа по 10 €, а во еден правец 10 €
За петти, шести и седми возрасен ... се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За деца од 2 до 12 години … се доплаќа по 40 €, а во еден правец 35 €
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 30.06 – 25.08 СЕ СЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7
НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За прв и втор возрасен се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За трет, четврт, петти возрасен ... се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За деца од 2 до 12 години … се доплаќа по 40 €, а во еден правец 35 €
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
Попуст -7% за 50% уплата заклучно со 24.02.2024 и целосна доплата заклучно со 06.04.2024
- Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 € на ден по студио/апартман.
- Цените објавени се конечни, без скриени трошоци. Т.А Саватоурс мк не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во €, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 € = 62 мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Т. А. Саватоурс МК го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во T.A. Саватоурс МК и поради овие причини НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
1/3 + 1 Studio No.1
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
19/05/2024
Студио бр. 1 – приземје. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и софа на пуштање.
Студио бр. 3 – приземје. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и аголна гарнитура на пуштање.
Студио бр. 5 – втор кат. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Има француски кревет и софа на пуштање.
Апартман бр.4 – прв кат. Располага со дневна соба со целосно опремена кујна, една спална соба, тоалет и пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во спална соба има француски кревет за 2 лица а во дневна соба софа на пуштање.
Апартман бр.6 – втор кат. Располага со дневна соба со целосно опремена кујна, една спална соба, тоалет и пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во спална соба има француски кревет за 2 лица и софа на пуштање а во дневна соба софа на пуштање.
Дуплекс бр. 2 – приземје. Располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во прва спална соба има француски кревет за 2 лица, во втората соба има француски кревет и софа на пуштање.
Дуплекс бр. 7 – втор кат. Располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, тоалет, голема пространа тераса со директен поглед море, клима, ТВ, Wi-Fi, комарници и тенда. Во дневна соба има аголна гарнитура на пуштање, во една соба има француски кревет за 2 лица, во втората соба има француски кревет и софа на пуштање.