Куќа “Blue and White” е сигурно една од најквалитетните и најдобро уредените и опремените куќи во Неа Флогита. Оценека на букинг има од 9.3 и е лоцирана во помирниот дел на Неа Флогита, на само 150 метри од плажа и 100 метри од центарот.
- ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 19.05 – 23.06 И ПЕРИОД 01.09 – 22.09 СЕ ВОНСЕЗОНСКИ (ПРОМО) И СЕ ДАДЕНИ КАКО ПАКЕТ АРАНЖМАН ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а за превоз се доплаќа:
За прв, втор, трет и четврт возрасен се доплаќа по 10 €, а во еден правец 10 €
За петти возрасен ... се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За деца од 2 до 12 години … се доплаќа по 40 €, а во еден правец 35 €
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 30.06 – 25.08 СЕ СЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За прв и втор возрасен се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За трет, четврт, петти возрасен ... се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За деца од 2 до 12 години … се доплаќа по 40 €, а во еден правец 35 €
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
Попуст -22% за вонсезонски и – 25% за сезонски цени за 50% уплата заклучно со 24.02.2024 и целосна доплата заклучно со 06.04.2024
- Во дуплекс апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Savatours го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио/апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Т.А. Саватоурс МК не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во било кој објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Т.А. Саватоурс МК и на самата агенција и поради кои не можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
1/4 Apartment Duplex No. A1
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
19/05/2024
1/4 дуплекс апартман бр. А1 – прв кат. Располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, модерен тоалет, сопствена тераса со поглед на улица, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски кревет за 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде креветче за бебе.
1/4 дуплекс апартман бр.B1– први кат. Располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, модерен тоалет, сопственa тераса со поглед кон прекрасно уредениот двор, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски кревет за 2 лица, а во другата соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде креветче за бебе.
1/4+1 дуплекс апартман бр.B2– прв кат. Располага со 2 спални соби со посебни оделени влезови во истите, а внатре поврзани со комплетно опремена заедничка кујна и модерен тоалет, сопствена огромна тераса со поглед кон прекрасно уредениот двор, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба имафранцуски кревет за 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде дополнително легло како и креветче за бебе.
1/4+1 дуплекс апартман бр. А2– прв кат. Располага со 2 спални соби со посебни оделени влезови во истите, а внатре поврзани со комплетно опремена заедничка кујна и модерен тоалет, сопствена огромна тераса со поглед на море, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски кревет за 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде дополнително легло како и креветче за бебе.