ИСТАНБУЛ |комплет индивидуални програми со авионски превоз |со 2 ,3 , 4или 5 ноќевања
Истанбул е секогаш прекрасен!
Величествениот град кој се протега на два континенти и преставува спој на различни традиции и култури, спој на старото и модерното. Мирисот на Босфорот, прекрасните зајдисонца, долгите прошетки по прекрасните улици се приказна за себе. Убавата Капали Чаршија, мирисот на разноразни зачини и благи навистина ве оставаат без воздишки. Градот кој што ги исполнува сите желби на светот и Ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти, градот на спротивности и на извонредни традиционални вредности .. ве очекува!
Прв ден | Скопје - Истанбул
Полетување од аеродромот во Скопје за Истанбул со Pegasus Airlines. Слетување во Истанбул, по што следува организиран превоз до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
Втор, трет, четвти или петти ден | Истанбул
Појадок. Слободен ден за индивидуални разгледи, прошетки и доколку сакате имате можност да користите и факултативи по ваш избор (со доплата). Ноќевање.
Последен ден | Истанбул - Скопје
Појадок. Организиран превоз до аеродром. Лет со Pegasus Airlines од Истанбул до Скопје.
Цените се дадени во тотал и ги вклучуваатследнивеуслуги:
- Авионски превоз со Pegasus Airlines (20 кг по лице вклучен багаж + 7 кг рачен багаж)
Поаѓање ( SKP – IST ) со летот PC 352
Враќање ( IST – SKP ) со летот PC 351
* При правење на резервација како и 12 часа пред полетување, ве молиме да ги проверите деталите и времињата за летовите, поради можни промени на истити.
- Аеродромски такси
- 2 , 3 или 4 ноќевања со појадок во избраниот хотел
- Услуга: ноќевање со појадок
- Организирани трансфери во Турција на релација аеродром (Sabiha Gokcen) – хотел – аеродром (Sabiha Gokcen)
Во цената не се вклучени следниве услуги:
- Патничко и здравствено осигурување (задолжително)
- Дополнителни трошоци во хотелот
- Дополнителни трошоци за факултативи
ВАЖНИ НАПОМЕНИ: - НАВЕДЕНИТЕ ЦЕНИ НА АРАНЖМАНИТЕ СЕ ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ, ИСТИТЕ СЕ ПОДЛОЖНИ НА ПРОМЕНИ ОДНОСНО НЕ ГИ ГАРАНТИРАМЕ ПОРАДИ БРОЈОТ НА СЛОБОДНИ СЕДИШТА ВО АВИОНОТ, ВРЕМИЊАТА НА ЛЕТОВИТЕ И МОЖНАТА ПРОМЕНА НА ЦЕНАТА НА ИСТИТЕ!
- ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА УПЛАТА ОД 100 % НА ВКУПНАТА СУМА, А ДОКОЛКУ РЕЗЕРВАЦИЈАТА СЕ ОТКАЖЕ СЕ НАПЛАТУВААТ ПЕНАЛИ ОД 100 %.
- ПРОМЕНА НА ТЕРМИНОТ НА РЕЗЕРВАЦИЈАТА НЕ Е ДОЗВОЛЕН, ОДНОСНО СЕ НАПЛАТУВААТ ПЕНАЛИ ОД 100 %.
- Други типови на соби се достапни на барање
- Сместување на трето лице во двокреветна соба е на дополнително легло во стандардна двокреветна соба
- Плаќањето е задолжително во денари (1 € = 62 мкд)
- За ова патување потребен е македонски биометриски пасош со важност 180 дена од денот на патувањето. Секој клиент сноси лична одговорност за ВАЛИДНОСТ И ИСПРАВНОСTА на патните документи, односно агенцијата / организаторот на аранжманот не сноси одговорност.
- Ве информираме дека здравствено и патничко осигурување е задолжително, за да се елиминираат сите потенцијални проблеми кои би можело да се појават.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Саватоурс МК и СКТМ