ИСТАНБУЛ |комплет индивидуални програми со авионски превоз |со 2 ,3 или 4 ноќевања
Истанбул е секогаш прекрасен! Величествениот град кој се протега на два континенти и преставува спој на различни традиции и култури, спој на старото и модерното. Мирисот на Босфорот, прекрасните зајдисонца, долгите прошетки по прекрасните улици се приказна за себе. Убавата Капали Чаршија, мирисот на разноразни зачини и благи навистина ве оставаат без воздишки. Градот кој што ги исполнува сите желби на светот и Ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти, градот на спротивности и на извонредни традиционални вредности .. ве очекува!
Прв ден | Скопје - Истанбул Полетување од аеродромот во Скопје за Истанбул со Pegasus Airlines. Слетување во Истанбул, по што следува организиран превоз до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
Втор,трет или четвти ден | Истанбул Појадок. Слободен ден за индивидуални разгледи, прошетки и доколку сакате имате можност да користите и факултативи по ваш избор (со доплата). Ноќевање.
Последен ден | Истанбул - Скопје Појадок. Организиран превоз до аеродром. Лет со Pegasus Airlines од Истанбул до Скопје.
Цените се дадени во тотал и ги вклучуваатследнивеуслуги: - Авионски превоз со Pegasus Airlines (20 кг по лице вклучен багаж + 7 кг рачен багаж) Поаѓање ( SKP – IST ) со летот PC 352 Враќање ( IST – SKP ) со летот PC 351 * При правење на резервација како и 12 часа пред полетување, ве молиме да ги проверите деталите и времињата за летовите, поради можни промени на истити. - Аеродромски такси - 2 , 3 или 4 ноќевања со појадок во избраниот хотел - Услуга: ноќевање со појадок - Организирани трансфери во Турција на релација аеродром (Sabiha Gokcen) – хотел – аеродром (Sabiha Gokcen)
Во цената не се вклучени следниве услуги: - Патничко и здравствено осигурување (задолжително) - Дополнителни трошоци во хотелот - Дополнителни трошоци за факултативи
ВАЖНИ НАПОМЕНИ: - Наведените цени се достапни на барање и истите не ги гарантираме поради бројот на слободни седишта во авионот и можната промена на цената на истите! - Други типови на соби се достапни на барање - Сместување на трето лице во двокреветна соба е на дополнително легло во стандардна двокреветна соба - Плаќањето е задолжително во денари (1 € = 62 мкд) - За резервација е задолжителна уплата од 100 % на вкупната сума, а доколку се откаже резервацијата се наплаќаат пенали од 100 %. - За ова патување потребен е македонски биометриски пасош со важност 180 дена од денот на патувањето. Секој клиент сноси лична одговорност за ВАЛИДНОСТ И ИСПРАВНОСTА на патните документи, односно агенцијата / организаторот на аранжманот не сноси одговорност. - За влез во Турција потребно е да имате сертификат за вакцина со поминати мин. 14 дена од втората доза пред влез во земјата, ПЦР тест (не постар од 72 часа) или брз антигенски тест ( не постар од 48 часа), или сертификат дека сте ја прележале болеста во последните 6 месеци. Сите наведени сертификати се однесуваат за лица постари од 11 години. - Ве информираме дека здравствено и патничко осигурување е задолжително, за да се елиминираат сите потенцијални проблеми кои би можело да се појават. - За овој аранжман важат општите услови на патување на Саватоурс МК и СКТМ