Локација
Tiana Beach Resort 3 + * се наоѓа во Тургутреис, 18 км од центарот на градот Бодрум и 55 км од аеродромот во Бодрум.
Сместување
Хотеот располага со вкупно 86 сместувачки единици во зграда на два ката, стандарден тип на соба (25-37м2).
Секоја сместувачка единица на хотелот Tiana Beach Resort 3*+ располага со: балкон или тераса, бања со туш, фен, сплит клима, телефон, сателитска ТВ, плочки, секојдневно чистење на собите. Хотелот е отворен во 2003 година, а реновиран во 2020 година.
Услуга
Хотел Tiana Beach Resort 3 + * нуди All-inclusive услуга на база на отворено бифе - самопослужување за појадок, ручек, вечера, кафе во одредено време, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци до 23:00 часот. Пијалоци во барот покрај базенот 10:00 - 23:00 часот, ужина од 17:00 до 18:00 часот. Сите оброци се служат во главниот ресторан, а со пијалоците гостите сами се послужуваат.
Концептот All inclusive не вклучува: увезени пијалоци, енергетски пијалоци, свежи сокови, турско кафе, флаширани пијалоци, целата храна и пијалоци после 23 часот.
Содржини
Главен ресторан на отворено бифе, бар покрај базен. Со доплата: фризер, продавници, сеф.
Интернетот е бесплатен на јавните површини на хотелот.
Плажа
Tiana Beach Resort 3 + * се наоѓа на сопствена песочна плажа. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешен базен, турска бања, сауна, анимација, тениско игралиште, пикадо, одбојка на плажа, детско игралиште.
ЦЕНИТЕСЕ ДАДЕНИ ВО ТОТАЛ И ВКЛУЧУВААТ:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски тросоши кои не се наведени во програмата
- Индивидуални трошоци при патувањето
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
- За правење резервација потребна е уплата од мин 30% од вкупната цена на аранжманот. Потврдува од хотелот за резервацијата се добива во рок од 24 до 48 работни часа. Кога Вашата резервација ќе биде потврдена ќе бидете известени.
- Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме контактирајте не.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
- Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот. Целосната доплата на аранжманот е до 15 дена пред денот на поаѓање. Освен во ситуации кога е дефинирано поинаку со "EARLY BOOKING" АКЦИЈА ( промотивна акција со Ран Букинг ) односно кога важат новите точно дефинираните услови на акцијата.
- Во случај на непридржување на правилата за плаќање значи дека резервацијата ќе биде откажана (сторнирана), при што следуваат и пенали.
"EARLYBOOKING" АКЦИЈА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.03.2022: Резервација со уплата од само 100 еур !
Резервирајте рано со авансна уплата од само 100 еур и користете големи попусти за ран букинг!
- Износот на уплатата се однесува на цела резервација (100 еур по пријава за аранжман / соба), а не по лице!
- 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 30.04.2022, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање.
- Авансот од 100 еур е нерефундабилен, но во случај на отказ пред 30.04.2022, истиот може да се пренамени за друго патување од нашата понуда.
КОВИД УСЛОВИ ЗА ВЛЕЗ ВОТУРЦИЈА И ЗА ВРАЌАЊЕ ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: - За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- За влез во Турција потребно е да имате сертификат за вакцина со поминати мин. 14 дена од втората доза пред влез во земјата, ПЦР тест (не постар од 48 часа) или брз антигенски тест ( не постар од 24 часа), или сертификат дека сте ја прележале болеста во последните 6 месеци. Сите наведени сертификати се однесуваат за лица постари од 6 години.
Исто така за влез во Турција е задолжителен и Формулар за влез, регистрација на : https://register.health.gov.tr (треба да се направи во период од максимум 72 часа пред влез во земјата).
- За влез во Македонија потребен е сертификат за прележан COVID 19 во последните 45 дена сметајки од денот на оздравување, или примени најмалку 2 вакцини, или пак Антиген негативен тест ( направен мин. 24 часа пред влез во Македонија ) или ПЦР негативен тест ( направен мин. 48 часа пред влез во Македонија ). Сите наведени потврди не се однесуваат и не се задолжителни за лица под 18 години. Патниците кои нема да ги приложат горенаведените сертификати / потврди / тестови при влез во државата, истите задолжително ќе бидат упатени на домашна самоизолација во времетраење од 7 дена.
ПРОГРАМА:
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ВАЖНИНАПОМЕНИ: - За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја зголеми цената, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за усмено дадени поинакви информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Саватоурс МК и СКТМ