Атрактивниот хотел Mercure Hurghada е хотел со 4*. Хотелскиот комплекс се наоѓа на околу 15км јужно од центарот на Хургада и зазема околу 40 хектари земјиште и поседува сопствена плажа.
Хотелот има централна зграда со рецепција и помал дел на сместувачки капацитети, како и сместувачки капацитети од типот на бунгалови или вили надвор од централната зграда.
Хотелот поседува: базен, три ресторани, четири барови, тениски терени и други атракции кои им овозможуваат на гостите да уживаат во секој миг од својот летен одмор во Хургада.
ЦЕНИТЕСЕ ДАДЕНИ ВО ТОТАЛ И ВКЛУЧУВААТ: - 6, 9, 10 или 13 ноќевања со All inclusive или Ultra All Inclusive услуга - Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Хургада - Скопје - Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион - Аеродромски такси и административни такси - Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер ) - Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион - Организација на аранжманот - Наш преставник на аеродромот во Скопје и наш преставник во Хургада
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: - Влезна виза во Египет за македонски државјани со цена 25 $ (усд) по лице, која важи за возрасни и за деца, а се плаќа на лице место при пристигнување на аеродромот во Хургада. Задолжителное дапоседувате македонскипасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на вашиот престој во Хургада и ваучер за потврда на хотелска резервација. - Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци - Задолжително здравствено - патничко осигурување
ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА: - За правење резервација потребна е уплата од мин 30% од вкупната цена на аранжманот. Потврдува од хотелот за резервацијата се добива во рок од 24 до 48 работни часа. Кога Вашата резервација ќе биде потврдена ќе бидете известени. - Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме контактирајте не.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: - Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари - За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот. Целосната доплата на аранжманот е до 15 дена пред денот на поаѓање. Освен во ситуации кога е дефинирано поинаку со "EARLY BOOKING" АКЦИЈА ( промотивна акција со Ран Букинг ) односно кога важат новите точно дефинираните услови на акцијата. - Во случај на непридржување на правилата за плаќање значи дека резервацијата ќе биде откажана (сторнирана), при што следуваат и пенали.
"EARLY BOOKING" АКЦИЈА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.03.2022: Резервација со уплата од само 100 еур ! Резервирајте рано со авансна уплата од само 100 еур и користете големи попусти за ран букинг! - Износот на уплатата се однесува на цела резервација (100 еур по пријава за аранжман / соба), а не по лице! - 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 30.04.2022, додека целиот износ најдоцна 14 дена пред термин на поаѓање. - Авансот од 100 еур е нерефундабилен, но во случај на отказ пред 30.04.2022, истиот може да се пренамени за друго патување од нашата понуда.
КОВИД УСЛОВИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕГИПЕТ: Од 21.12.2021 условите за влез во Египет се либерализирани и согласно последните протоколи, сите патници и деца со полни 12 или повеќе години, неопходно е да поседуваат едно од наведените: 1. Потврда со QR код издадена од релевантна државна медицинска институција за комплетирана вакцинација (2 дози) со некоја од признаените вакцини извршена најмалку 14 дена пред влез во државата 2. Негативен ПЦР тест со валиден QR код не постар од 72часа пред влез во Египет 3. Негативен резултат од брз антигенски тест со валиден QR код не постар од 24 часа пред патување 4. Патниците кои не поседуваат еден од наведените документи, може да извршат тестирање на аеродромот во Хургада при пристигнување. Тестот се плаќа на лие место и чини окулу 30 $ по лице.
ПРОГРАМА: Прв ден | СКОПЈЕ - ХУРГАДА Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности (вадење виза, превземање багаж, итн.), пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Египет. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | ХУРГАДА Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети (факултативните излети како: Посета на Каиро со пирамидите и музејот; Посета на Луксор и храмовите; Пустинско сафари; Расјки остров, Нуркање, шоу со делфини итн. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција). Ноќевање во хотел.
Последен ден | ХУРГАДА - СКОПЈЕ Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ВАЖНИНАПОМЕНИ: - За овој аранжман задолжителное дапоседувате македонскипасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на вашиот престој во Хургада и ваучерзапотврда на хотелска резервација. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност. - Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја зголеми цената, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот. - Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. - Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. - Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава. - Организаторот не сноси одговорност за усмено дадени поинакви информации поврани со оваа програма.