"EARLYBOOKING" АКЦИЈА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2023: РЕЗЕРВАЦИЈА СО УПЛАТА ОД САМО 100 € !
Резервирајте рано со авансна уплата од само 100 € и користете големи попусти за ран букинг!
- Износот на уплатата се однесува на цела резервација (100 € по пријава за аранжман / соба), а не по лице!
- 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се уплати најдоцна до 31.03.2023, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање.
- Авансот од 100 € е нерефундабилен, но во случај на отказ пред 31.03.2023, истиот може да се пренамени за друго патување од нашите понуди за Анталија.
ЦЕНИТЕСЕ ДАДЕНИ ВО ТОТАЛ И ВКЛУЧУВААТ:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања во избраниот Хотел со All inclusive или Ultra All Inclusive услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Хургада - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и наш преставник во Хургада
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Влезна виза во Египет за македонски државјани со цена 25 $ (усд) по лице, која важи за возрасни и за деца, а се плаќа на лице место при пристигнување на аеродромот во Хургада. За добивање на виза задолжителное дапоседувате македонскипасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на вашиот престој во Хургада. Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Египет. Агенцијата не превзема и не сноси одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Аеродромска такса за инфант 35 $ усд (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата
- Хотелски услуги после одјавување од собите (Хотелите имаат право да го прекинат користењето на All Inclusive услугите по Check Out од собите последниот ден).
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
- ПОВРАТЕН ТРАНСФЕР ДО АЕРОДРОМ СКОПЈЕ - Ви нудиме и опција за транфер на патници од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес до аеродром Скопје и обратно по цена од 21 € по лице.
ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И ПЛАЌАЊЕ:
- За да се направи резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот, а целосната доплата на аранжманот е до 15 дена пред денот на поаѓање (доколку терминот на поаѓање е помалку од 15 дена потребна е уплата од 100% од вкупната цена на аранжманот ).
Потврда од хотелот за резервацијата се добива во рок од прилика 24 до 48 работни часа. Во случај да не биде потврден избраниот хотел ќе ви биде предложен друг соодветен хотел, а доколку не ви одговара дадената алтернатива, резервацијата може да ја откажете со целосен повраток на уплатените средства.
- Во случај на непридржување кон правилата за плаќање значи дека резервацијата ќе биде откажана (сторнирана), при што следуваат и пенали:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од цената на аранжманот
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од цената на аранжманот
- за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од цената на аранжманот
- за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од цената на аранжманот.
- Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Сите горенаведени услови важат освен во ситуации кога е дефинирано поинаку со "EARLY BOOKING" АКЦИЈА ( промотивна акција за Рани Резервации ) односно доколку има нови дефинирани услови на акцијата.
ПРОГРАМА:
Прв ден | СКОПЈЕ - ХУРГАДА
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности (вадење виза, превземање багаж, итн.), пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Египет. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | ХУРГАДА
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети (факултативните излети како: Посета на Каиро со пирамидите и музејот; Посета на Луксор и храмовите; Пустинско сафари; Рајски остров, Нуркање, шоу со делфини итн. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција). Ноќевање во хотел.
Последен ден | ХУРГАДА - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ЧАРТЕР ЛЕТОВИ ЗА ХУРГАДА СЕЗОНА 2023:
===================================
ЛЕТОВИ СО ОЗНАКИ: AMV 7864 / AMV 7863 (со локални времиња)
* Лет од Скопје за Хургада: SKP - HRG AMV 7864
Ден на лет: Понеделник наутро / полетува од Скопје: 02:15 / Слетува во Хургада: 05:15
* Лет од Хургада за Скопје: HRG - SKP AMV 7863
Ден на лет: Недела вечер / полетува од Хургада: 22:10 / Слетува во Скопје: 01:10
===================================
ЛЕТОВИ СО ОЗНАКИ: AMV 4264 / AMV 4263 (со локални времиња)
* Лет од Скопје за Хургада: SKP - HRG AMV 4264
Ден на лет: Петок наутро / полетува од Скопје: 02:25 / Слетува во Хургада: 05:25
* Лет од Хургада за Скопје: HRG - SKP AMV 4263
Ден на лет: Четврток вечер / полетува од Хургада: 22:25 / Слетува во Скопје: 01:25
===================================
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО ХУРГАДА, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ
ВАЖНИНАПОМЕНИ: -ВАЛИДНИ ПАТНИ ИСПРАВИ -За овој аранжман задолжителное дапоседувате македонскипасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на вашиот престој во Хургада и ваучерзапотврда на хотелска резервација. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност. -Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Египет. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја зголеми цената, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа, пред објавеното – планирано време на полетување. Сите саaтници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за усмено дадени поинакви информации поврани со оваа програма.
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ