Локација
Хотелот Riadh Palms се наоѓа во центарот на Сус, на околу 20 километри од аеродромот во Монастир. Опкружен со палми, хотелот нуди различни објекти на завидна локација во центарот на Сус, со директен пристап до пространа, песочна плажа. Во непосредна близина има голем, модерен трговски центар, бројни ресторани, кафулиња и дискотеки.
Плажа
Хотелот има приватна песочна плажа. Лежалките и чадорите се бесплатни за гостите на хотелот. Крпи за плажа со депозит.
Содржина
Хотелот располага со над 900 соби. Гостите имаат на располагање рецепција, голем отворен базен, детски базен, внатрешен загреан базен, главен ресторан, тематски a la carte ресторани (туниски, италијански, индиски и рибен), отворен ресторан „Нептун “, 7 барови, менувачница, сефови на рецепција, банкомат, фризер, рент а кар, диско, фитнес сала, две сауни и Спа центар, забава, детски базен и мини клуб (4-10 години).
Сместување
Сите собите имаат клима, LCD телевизор, сеф (се доплаќа), фрижидер, wi-fi интернет, бања, фен, тераса или балкон. Некои соби немаат тераса.
Стандардни соби со поглед на море (приближно 25м2) за најмногу тројца возрасни, француски или два единечни кревети, со можност за дополнителен кревет.
Промо соби со поглед на градот (приближно 25м2) за најмногу тројца возрасни, француски или два единечни кревети, со можност за дополнителен кревет.
Економски соби без поглед, помала квадратура за двајца возрасни, француски кревет или два единечни кревети, без балкон или тераса.
Четирикреветни соби (приближно 25м2) за максимум четири возрасни (минимум двајца возрасни и две деца), француски и два единечни кревети или 4 единечни кревети.
Услуга
All Inclusive - појадок, доцна појадок, ручек, вечера, доцна лесна вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења по хотелски правила). Концептот вклучува локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе и колачи во одредени периоди од денот.
Напомена: Хотелот е малку постар, но со идеална локација, се препорачува за секаков вид гости.