Локација
Хотелот се наоѓа во местото Yasmine Hammamet, на околу 60 км од аеродромот во Тунис и на околу 95 км од аеродромот во Монастир. Оддалечен е 8 км од стариот град во Хамамет.
Хотелски содржини
Хотелот има внатрешен и надворешен базен , детски базен, главен ресторан и два а ла карт ресторани, снек бар, бар на плажа (се служат само безалкохолни пијалоци), тениски терени, фитнес центар, спа центар со хамам и сауна (во спа центарот базенот со морска вода се доплаќа), интернет (нема на плажа), менувачница, мини клуб.
Сместување
Хотелот располага со 213 соби.
Стандардни соби ( 25-35m²) француски кревет и дополнително легло софа. Сите соби имаат купатило, клима, мини бар (само вода), телефон, ТВ, сеф, фен,некои се со балкон.
Плажа
Хотелот има сопствена плажа преку улица, пешкирите,лежалките и чадорите за сонце се бесплатни.
Напомена
Хотелите имаат право на промена на некои од услугите, начин на плаќање, како и период на користење на содржините, промена на концептот all inclusive, и слично, согласно со својата деловна политика, временските услови и други релевантни чинители, затоа организаторот на патувањето за истите промени не може да сноси одговорност.