Хотелот се наоѓа во Махдија, на оддалеченост од 48 километри од аеродромот во Монастир и 215 километри од аеродромот во Тунис. Во непосредна близина на хотелот има ресторани и продавници, како и стариот дел на градот (околу 3 км).
Општи податоци
Хотелот е отворен во 1969 година, а последен пат е реновиран во 2009 година и нуди 394 сместувачки единици. Се наоѓа на сопствената песочна плажа, недалеку од центарот на стариот град Махдија. На гостите им е на располагање главниот ресторан „L'Oliver“, 3 a la carte ресторани и барови, 2 детски базени, 2 надворешни базени за возрасни, спа центар со внатрешен базен. Wi-Fi е достапен само на рецепција. За најмладите има мини клуб (4-12 години) и игралиште.
Плажа
Хотелот се наоѓа на сопствена приватна песочна плажа. Лежалки и чадори на базенот и плажата се достапни бесплатно, додека пешкирите се со депозит.
Сместување
Хотелот нуди 394 сместувачки единици и сите се опремени со централна клима, балкон, фен, директен телефон во соба и бања, мини бар, ТВ.
Стандардните соби се со големина од 26-28м² и ги има вкупно 182. Тие можат да имаат поглед на море или градина.
Стандардните семејни соби се со големина од 32 m², составени од една соба со два кревети и кревет на спрат. Тие можат да имаат поглед на морето или градината.
Со доплата: услуга во соба, телефон.
Услугата
Услугата во хотелот е Ultra All Inclusive - појадок, ручек, вечера во главниот ресторан (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Локалните алкохолни и безалкохолни пијалоци се вклучени во концептот. Покрај главниот ресторан, на гостите им се достапни и рестораните Хабиби (туниски), Блу (медитерански) и Ипанема (бразилски), како и барови (лоби бар, бар покрај базен, Бар До, Бар Жардин и Ноќен експрес).
Со доплата: увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци и други артикли надвор од концептот.
Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (времето, содржината...).
Други содржини
Продавници, менувачница, доктор на повик.
Спорт и забава
Хотелот располага со 4 надворешни и 1 затворен базен, помал аква парк со три лизгалки, фитнес центар, базен,тениски терени, одбојка на плажа, мини голф и спортови на вода.
Со доплата: спортови на вода, билијард, тенис и други работи надвор од концептот.
Спа и велнес
Хотелот располага со Спа и велнес центар, турска бања, сауна и салон за убавина.
Со доплата: масажи, третмани за лице и тело и други работи надвор од концептот
Забелешка
Хотелите имаат право да менуваат одредени услуги, начини на плаќање, како и периодот на користење на содржината, промени на концептот all inclusive и слично, и во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, и тур-операторот не може да биде одговорен за истите промени.