Локација
Хотелот се наоѓа на песочната плажа на туристичката зона Сканес, 6 км од центарот на Монастир, 15 км од центарот на Сус, 2 км од аеродромот во Монастир, 145 км од аеродромот во Тунис.
Хотелски содржини
Хотелот располага со 214 соби, 2 ресторани, снек бар (отворен само во текот на летните месеци), 3 барови (5 барови се достапни во текот на летните месеци), отворен и детски базен, внатрешен базен, џакузи, масажа, мини клуб за деца, билијард, менувачница, неколку сали за семинари и конгреси, продавница, сервис за перење и пеглање.
Сместување
Секоја соба има бања, тераса, клима, кабловска телевизија, телефон, фен.
Услуга
Храната е во шведска маса, самопослужување.
Плажа
Користењето на чадори и лежалки на плажа и покрај базен е бесплатно. Крпи за плажа може да се изнајмуваат со депозит.