Локација
Хотелот се наоѓа на околу 7 км од центарот на стариот Хамамет. Оддалечен е околу 116 км од меѓународниот аеродром во Монастир и околу 77 км од меѓународниот аеродром во Тунис Картагина.
Хотелски содржини
Хотелот има рецепција, надворешен базен, детски базен, мал аква парк со 3 тобогани, 5 ресторани, 3 барови, Wi-Fi интернет во заедничките простории, Спа центар (хамам, парна бања, масажа, разни третмани) и разни спортски и забавни објекти, високи столчиња во ресторанот, забава, кошарка, пикадо, тениско игралиште, фитнес, аеробик, лак и стрела, пинг понг, одбојка, боче, фудбал на плажа, мини голф, ватерполо, аква теретана, часови по танц и арапски јазик, билијард, детски игралиште , мини клуб (за деца од 4 до 12 години), можност за вежбање спортови на вода.
Плажа
Хотелот има песочна плажа.Лежалки и чадори на базенот и на плажа се бесплатни за гостите на хотелот, пешкири со депозит.
Сместување
Хотелот располага со 443 соби. Собите имаат: клима, сателитска ТВ, телефон, сеф (со доплата), мини фрижидер (на барање, со доплата), бања, фен, балкон или тераса.
Собите се двокреветни (два поединечни или брачен кревет) или двокреветни со дополнителен кревет (два единечни кревети или брачен кревет и дополнителен кревет) или двокреветни соби со два дополнителни кревети (два единечни или брачен кревет и два дополнителни кревети).
Стандардната соба е со големина од околу 13 м2, со поглед на градина или со поглед на море и сместува најмногу 3 лица.
Семејната соба (во една соба) е со големина од околу 18 м2, со поглед на градина или со поглед на море и сместува најмногу 4 лица.
Услуга
All inclusive, сè е вклучено според правилата на хотелот - појадок, ручек, вечера (самопослужување, избор на повеќе јадења), ужина, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, според условите на хотелот.