Локација
Хотелот се наоѓа во јужниот дел на Хамамет, во Јасмин Хамамет, на околу 8 километри од центарот на Хамамет и на околу 100 километри од аеродромот во Монастир.
Хотелски содржини
Хотелот располага со 213 соби. На гостите им се на располагање надворешни и внатрешни базени, детски базен, четири ресторани, снек бар, бар на плажа, тениско игралиште, фитнес, Спа центар со амам и сауна, бесплатен wi-fi интернет на јавни површини, менувачница, забава. Во близина на хотелот има терен за голф до кој за гостите на хотелот сообраќа шатл-автобус.
Сместување
Сите собите имаат сателитска ТВ, клима, wi-fi интернет, фрижидер, телефон, балкон или тераса, сеф, бања, фен.
Стандардни соби (приближно 25-35м²) за најмногу четири возрасни лица, француски кревет или два единечни кревети и софа кревет.
Услуга
All Inclusive - појадок, доцна појадок, ручек, вечера, доцна лесна вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења по хотелски правила). Концептот вклучува локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе и колачи во одредени периоди од денот.
Плажа
Хотелот се наоѓа спроти песочната плажа (премин преку улица и шеталиштето). Има сопствен дел на плажата каде чадорите и лежалките се бесплатни за гостите на хотелот.
Напомена: Хотелот го смени името, се викаше Golden Yasmin. Се препорачува за семејства со деца и парови кои сакаат да бидат во град но и на самата прекрасна плажа.