Локација
Хотелот се наоѓа на околу 7 км од градот Монастир и 15 км од градот Сус, 500 метри од аеродромот во Монастир и околу 130 километри од аеродромот во Тунис.
Сместување
Хотелот е отворен во 2019 година, уреден е со прекрасна градина, кој зафаќа површина од 13.000 m². Сите соби имаат Wi-Fi, балкон, клима, ТВ, фен, сеф, туш кабина, сет за чај и кафе, минибар.
Стандардните соби се со поглед на градина и имаат површина од 36 m².
Супериорните соби се со поглед на море и имаат површина од 42м².
Со доплата: мини бар и други артикли надвор од концептот.
Плажа
Хотелот располага со песочна плажа, гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. Пешкирите за плажа се со депозит.
Услуга
Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек, ужина, вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот) како и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Со доплата: увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, снек бар на плажа и други работи надвор од концептот.
Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (времето, содржината...).
Други содржини
Менувачница, изнајмување автомобил, банкомат, лекар на повик, паркинг.
Спорт и забава
Детски базен со лизгалки, базен за возрасни со лизгалки, внатрешен базен, базен за релаксација, тенис, фитнес, одбојка, мини голф, пикадо, пинг-понг, дневни и вечерни анимации, музика во живо во одредени денови.
Спа и велнес
Со доплата: сауна, турска бања, соба за релаксација, џакузи, масажи, третмани за лице и тело, фризер.