Положба
Хотелот се наоѓа во јужната туристичка зона, на 5 км оддалечеост од центарот на Хамамет. До главниот град на Тунис има 60 км.
Сместување
Хотелот располага со 391 соби,кои се удобни и модерноуредени,климатизирани,секоја со тераса или балкон и поглед кон градината или морето.Собите имаат купатило,фен,сателитска Тв,мини-бар,телефон и сеф.(со доплата).
Содржини
Ова е еден од најстарите и најпознатите хотели во Тунис кој со своите содржини и услуга е над официјалната категоризација. Хотелот поседува затворен и два отворени базени. Покрај рецепцијата и лобито,на гостите се на располагање неколку тематски ресторани и барови,бар на плажа,неколку бутици и продавници.
Спорт и забава
Хотелот поседува 5 тениски терени, СПА и фитнес центар,терен за голф(на оддалеченост од 3 км), детски дел, пинг понг, мини голф, аниматори,ноќен клуб со ди-џеј.