Хотел ALEGRIAMariner е модерен хотел со 4* во Лорет де Мар, Шпанија сместен на само 3 минути пеш од плажата. Овој хотел е препорачан за возрасни, што го прави идеален избор за парови и пријатели кои сакаат релаксирачки одмор на Коста Брава. Сместување * Пространи и светли соби со приватен балкон и поглед кон море, базен или планина
* Клима уред, сателитска ТВ, сеф, приватна бања со фен и бесплатна козметика
* Надворешен базен и сончева тераса
* Дозволени домашни миленици Храна и забава
* Бифе-ресторан со разновидна континентална и интернационална кујна
* Вечерна програма со жива музика и тематски вечери со локални специјалитети еднаш неделно
Дополнителни услуги
* 24-часовна рецепција
* Багажна служба
* Бесплатен појадок
* Wi-Fi
* Одлична локација
Во цената е вклучено:
* Авионски билет со лет од Скопје на авиокомпанијата Wizz Air со вклучени аеродромски такси
* Во цената е вклучен багаж во авионот MAX 10 KG димензија-40 x 30 x 20 cm*БЕСПЛАТНО. Тркалца: дозволено/не е задолжително, мора да ја собира под седиштето пред вас; може да биде торба за лаптоп, женска чанта или мал ранец
* Трансфер аеродром-хотел-аеродром
* 7/10/11 ноќевања на база полупансион
* Дете од 0-2 година плаќа 80 евра аеродромски такси
Во цената не е вклучено:
* Патничко осигурување, истото може да се извади и во агенција
* Туристичка такса во хотел - 2 еур по лице / ден., се плаќа на рецепција во хотел при сместување
* Доплата за багаж во правец по лице изнесува 30 евра.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.