Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.
Куќа “Tzouli1” се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од прекрасната песочна плажа. Капацитетите се над медицинската ординација IATPEIO, спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици (од кои 2 капацитети се во нашата понуда и се на 1-ви кат)
Апартманите се опремени со постар, но пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре . Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).ВАЖНИ НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
- ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 26.05 – 30.06 И ПЕРИОД 01.09 – 22.09 СЕ ВОНСЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ КАКО ПАКЕТ АРАНЖМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а за превоз се доплаќа:
* За Дуплекс апартман број 1 (1/5)
За прв, втор, трет и четврт возрасен се доплаќа по 10 €, а во еден правец 10 €
За петти возрасен ... се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За деца од 2 до 12 години … се доплаќа по 40 €, а во еден правец 35 €
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
*За Апартман број 2 (1/5)
За прв, втор и трет возрасен се доплаќа по 10 €, а во еден правец 10 €
За четврт и петти возрасен ... се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За деца од 2 до 12 години … се доплаќа по 40 €, а во еден правец 35 €
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 30.06 – 01.09 СЕ СЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За прв и втор возрасен се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За трет, четврт, петти возрасен ... се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За деца од 2 до 12 години … се доплаќа по 40 €, а во еден правец 35 €
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
Попуст -7% на вонсезонските цени за 50% уплата заклучно со 24.02.2024 и целосна доплата заклучно со 06.04.2024
Попуст -15% на сезонските цени за 50% уплата заклучно со 24.02.2024 и целосна доплата заклучно со 06.04.2024
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.|
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 € на ден по студио/апартман.
- Цените објавени се конечни, без скриени трошоци. Т.А. Саватоурс МК не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во €, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 € = 62 мкд).
- Попустите не можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени не следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени не може да се комбинира.
- Т.А. Саватоурс МК го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Т.А. Саватоурс МК и поради овие причини не можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
1/3 + 1 Studio No.5
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
26/05/2024
1/3 + 1 студио број 5 – браченкревет и кревети на спрат. Студиото има мала кујна со сите потребни елементи, како и тоалет со туш. Има уреден и заграден заеднички двор со другите студија, со своја маса, столови и чадор за сонце.
1/2 + 1 студио број 4 – 1+1 единечни стандардни кревети (споени) и дополнително легло. Студиото има мала кујна со сите потребни елементи, како и тоалет со туш. Има уреден и заграден заеднички двор со другите студија, со своја маса, столови и чадор за сонце.
1/3 + 1 студио број 6 – брачен кревет, стандарден кревет и кревет на извлекување. Студиото има мала кујна со сите потребни елементи, како и тоалет со туш. Има уреден и заграден заеднички двор со другите студија, со своја маса, столови и чадор за сонце.
Апарман број 3 (1/5) – 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Сопствен тоалет со туш. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса која е со поглед позади во дворот.
Апартман број 2 (1/5) – 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во спална и 1 стандарден + софа на извлекување (со големина на француски лежај) во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса со поглед на улица.
Дуплекс апартман број 1 (1/5) – простран дуплекс апартман со 1 стандарден + француски кревет во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети (споени) во друга спална соба и посебна дневна соба со целосно опремена кујна и фотеља. Има 2 тераси: една голема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат поглед на улица со лимитиран поглед море.