Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.
Куќа “Atina” се наоѓа на добра местоположба, на само 150 метри од прекрасната песочна плажа, на главната улица во местото.
Во куќата располагаме со 3 наши високо квалитетни студија кои се наоѓаат на прв кат. Куќата е нова градба, за најпробирливи патници и сите студија се многу пространи и се опремени со фен, пегла, тостер, кафемат, комарници, даски за пеглање и сл., огромни тераси со маси и столови, високо квалитетно средени кујни со апсолутно сите потребни елементи во кујните, како и реновирани пространи тоалети. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има достапен паркинг околу вилата.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
- ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 26.05-23.06 И ПЕРИОД 01.09 – 22.09 СЕ ВОНСЕЗОНСКИ (ПРОМО) И СЕ ДАДЕНИ КАКО ПАКЕТ АРАНЖМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а за превоз се доплаќа:
*ЗА НАЕМ НА СТУДИО
За прв и втор возрасен се доплаќа по 10 €, а во еден правец 10 €
За трет, четврт, петти возрасен ... се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За деца од 2 до 12 години … се доплаќа по 40 €, а во еден правец 35 €
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 30.06 – 25.08 СЕ СЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За прв и втор возрасен се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За трет, четврт, петти возрасен ... се доплаќа по 50 €, а во еден правец 40 €
За деца од 2 до 12 години … се доплаќа по 40 €, а во еден правец 35 €
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
Попуст -5% на вонсезонски цени за 50% уплата заклучно со 24.02.2024 и целосна доплата заклучно со 06.04.2024
Попуст -12% на сезонски цени за 50% уплата заклучно со 24.02.2024 и целосна доплата заклучно со 06.04.2024
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 € на ден по студио/апартман.
- Цените објавени се конечни, без скриени трошоци. T.A. Саватоурс МК не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во €, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 € = 62 мкд).
- Попустите не можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени не следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени не може да се комбинира.
- Т.А. Саватоурс МК го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Т.А. Саватоурс МК и поради овие причини не можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
1/4 Studio No.2
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
26/05/2024
Студио број 2 (1/4) – многу пространо студио со голема тераса, целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, стандарден кревет и софа.
Студио број 1 (1/4) – многу пространо студио со голема тераса, целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, стандарден кревет и софа.
Студио број 4 (1/4) – многу пространо студио со голема тераса (страничен поглед море), целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, 2 стандардни кревети и софа.