ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.
Вилата “ЈОТИС“ е убава , стандардно опремена вила и се наоѓа на 20 метри од плажа. Секој апартман има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар,респиратор,голем фрижидер,ел.шпорет со рерна,купатило и вц,спална соба,тераса,тв,клима уред и ви-фи конекција.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 17.05, 24.05, 31.05 И ПЕРИОД ОД 06.09, 13.09 И 20.09 СЕ ВОНСЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ КАКО ПАКЕТ АРАНЖМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а за превоз се доплаќа:
- 10 € по лице ( задолжително плаќаат две лица).
- Трето и четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат
- 45 € за возрасни – повратна
- 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
- 30 € за возрасни или деца – карта во еден правец
- Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште.
ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 07.06 до 06.09 СЕ СЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- 45 € за возрасни – повратна карта
- 35 € за деца до 12 години – повратна карта;
- 30 € за возрасни или деца – карта во еден правец
- Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
- Користењето клима уред,паркинг и wi-fi е бесплатно.
- За рано резервирање (eb) се уплатува аванс 50% од вредноста на аранжманот додека трае акцијата.остатокот од 50% 21 ден пред поаѓање.
- Патниците треба минимум 48 часа да се информираат за часот и местото на поаѓање.
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде е возможно да застане.
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€=62 ден.).
- За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена.
- Кога има акциски попуст или кога едната смена е вонсезонска на втората смена не се одобрува дополнителен попуст.
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот.
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање.
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања, СРЕДСТВАТА НЕ СЕ ВРАЌААТ.
- Доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (повраток на средства) само доколку патникот сам си најде замена за веке резервираната соба.
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови за патување.
- Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија.
- Во случај на направена поголема штета во студијата , сопственикот на вилата може да наплати на лице место за направената штета или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета.
- Агенцијата нема одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата.
- Туристичка такса се плаќа во агенција 1,5 € од ноќ за апартман и 1,5 € од ноќ за мезонет.(доколку дојде до промена на цената за туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета.
1/2 + 1/2 Apartment No.1
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
31/05/2024
АПАРТМАН БР.1 (1/2+1/2) – 4 лица
Апартманот располага со кујна ,една спална, купатило со WC и тераса со маса и столици. Во кујната има два поединечни кревети,тв,клима уред и кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар ,аспиратор,голем фрижидер,ел.шпорет со рерна. Во спалната соба има еден дупол кревет со натказни.Од спалната и од кујната се излегува на тераса со маса и столици.Во ходникот има плакар за алишта.Апартманот е опрмен на сите прозори со комарници.
АПАРТМАН БР.2 (1/2+1/2) – 4 лица
Апартманот располага со кујна ,една спална, купатило со WC и тераса со маса и столици со страничен поглед на море. Во кујната има два поединечни кревети,тв,клима уред и кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар ,аспиратор,голем фрижидер,ел.шпорет со рерна. Во спалната соба има еден дупол кревет со натказни.Од кујната се излегува на тераса со маса и столици со страничен поглед на море. Во ходникот има плакар за алишта. Апартманот е опрмен на сите прозори со комарници.
ДУПЛЕКС –МЕЗОНЕТА БР.4 (1/2+1/3) – 5 лица
Дуплексот се наоѓа на втори кат и е составен од две спални соби + кујна + купатило со вц + тераса.Во првата спална соба има еден дупол кревет, плакар за алишта и излегува на тераса. Втората спална соба е со внатрешни скали и има еден дупол кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта ,тв,клима.Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, ел.шпорет со рерна,аспиратор.Во кујната има ТВ ,клима уред и голема маса.Има стандардно купатило со WC. Дуплекс Мезонета е опрeмен на сите прозори со комарници.