СВ.ПАНТЕЛЕЈМОН е мало туристичко место наменето за фамилијарен одмор. Има убава песочна плажа,лежалки на плажа, супермаркети, ресторани и многу приодни убавини со многу дрвја и зеленило големи сенки и паркови.Одалечено е на 5 км. од Лептокарија.
Вилата Акти Мати е лоцирана на 50 метри од море, со голем двор и стогодишни дрвја има скара во дворот,паркинг и топло добредојде од домаќините во вилата. Идеално место за семеен одмор и дружење каде морската и планинската клима го даваат најубавото од природата.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 18.05, 25.05 и 01.06 И ПЕРИОД 07.09, 14.09 и 21.09 СЕ ВОНСЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ КАКО ПАКЕТ АРАНЖМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а за превоз се доплаќа:
- 10 € по лице ( задолжително плаќаат две лица).
- Трето и четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат
- 45 € за возрасни – повратна
- 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
- 30 € за возрасни или деца – карта во еден правец
- Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
ЦЕНИТЕ ЗА ПЕРИОД ОД 08.06 до 31.08 СЕ СЕЗОНСКИ И СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- 45 € за возрасни – повратна карта
- 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
- 30 € за возрасни или деца – карта во еден правец
- Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
- Користењето на паркинг, клима уред , wi-fi е бесплатно.
- За рано резервирање (eb) се уплатува аванс 50% од вредноста на аранжманот додека трае акцијата,остатокот од 50% 21 ден пред поаѓање.
- Патниците треба минимум 48 часа да се информираат за часот и местото на поаѓање.
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет каде е возможно да застане.
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€=62 ден.).
- За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена.
- Кога има акциски попуст или кога едната смена е вонсезонска на втората смена не се одобрува дополнителен попуст.
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот.
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање.
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања, СРЕДСТВАТА НЕ СЕ ВРАЌААТ.
- Доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (повраток на средства) само доколку патникот сам си најде замена за веке резервираната соба.
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови за патување.
- Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија.
- Во случај на направена поголема штета во студијата , сопственикот на вилата може да наплати на лице место за направената штета или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета.
- Агенцијата нема одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата.
- Туристичка такса се плаќа во агенција 1,5 € од ноќ за студио (доколку дојде до промена на цената за туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета.
1/4 Studio
Гости:
2 Возрасни Поаѓање:
01/06/2024
1/4 СТУДИО БР.4 (4 ЛИЦА): Студиото се наоѓа на високо приземје, располага со еден дупол кревет и два поединечни кревети. Во сколопот на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има решо со две рингли, аспиратор и фрижидер со комора. Излегува на тераса со маса и столици и има прекрасен поглед во дворот. Студиото има клима уред, тв и купатило со вц. Студијата имаат пешкири, сапун и тоалетна хартија.