Хотелот се наоѓа на местото Уранополис на третиот крак Атос.
Лоциран на самиот брег на една од најубавите плажи на полуостровот Халкидики, со поглед кон островот Амулјани и вториот крак Ситонија.
Пред самиот хотел плажата е приватна и е оценета со сино знаменце.
Сместувањето се одвива во: двокреветни соби, двокреветни супериор соби, јуниор суитови, двојни суитови, делукс суите со поглед кон море и фамилијарни суитови. Сите со поглед кон градина или море.
Хотелот располага со: бар на базенот, бар на плажа, комплетно организирана плажа, снек бар на плажа, таверна, ресторант, подземен премин до плажа, мини маркет, рент а кар, изнајмување на велосипеди, изнајмување на бротчиња, водени спортови, трансфери, рецепција, надворешен базен, надворешен базен за деца, градина, билијард, пинг понг, соба за игри, игралиште, собна услуга, централно ладење и греење, интернет покриеност, паркинг, сеф.