Локација
Се наоѓа во мирен дел на Хамамет, 3,1 км од Јасмин Хамамет, 2 часа возење од аеродромот во Монастир и 72 км од аеродромот во Тунис.
Општи информации
Хотелот Несрин Хамамет е отворен во 1983 година, а последен пат е реновиран во 2001 година. Препознатлив по својот арапско-мавритански стил, хотелот е отворен во текот на целата година. Добрата локација на хотелот го прави вистинскиот избор и за млади и за семејства со деца. Има главен ресторан, бар и тениско игралиште.
Сместување
Хотелот располага со вкупно 274 сместувачки единици, распоредени во трикатна зграда и сите имаат балкон или тераса, сеф, клима уред, фен, сателитска LCD телевизор, мини бар. Wi-Fi е достапен во лобито.
Стандардните соби содржат брачен кревет или 2 единечни кревети.
Со доплата: Сеф
Плажа
Хотелот располага со сопствена песочна плажа, користењето на чадори и лежалки е бесплатно, а пешкирите се со депозит.
Услуга
Хотелот нуди All Inclusive услуга - појадок, ручек, вечера (самопослужување - избор од повеќе видови храна, според правилата на хотелот) во главниот ресторан. Закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци се исто така вклучени во концептот.
Со доплата: увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, наргиле, свежо цедени сокови и се останато надвор од концептот.
Спорт и забава
Хотелот располага со 2 базени за возрасни, базен за деца, мини клуб, одбојка на плажа. Wi-Fi интернет е бесплатен во лобито на хотелот, тениско игралиште.
Со доплата: осветлување (опрема) на тениски терени, спортови на вода, нуркање и други работи надвор од концептот.
Спа и велнес
Гостите можат да го користат хамамот во Спа центарот
Со доплата: користење на Спа центарот, масажа и други третмани.