Локација
TMK Hotel Flora Park 4* е лоциран на 65 км од меѓународниот аеродром Тунис-Картагина и 100 км од меѓународниот аеродром Монастир-Хабиб Бургиба.
Општи податоци
Хотелот е изграден во арапско-мавритански стил се наоѓа на само 2 км од пристаништето Јасмин. Има базени, ресторани и приватна плажа на само 400 метри.
Плажа
На 400 м од хотелот со сопствен бар на плажа со лежалки и чадори за сонце.
Сместување
Вкупен број на сместувачки единици е 100. Собите се големи и светли, мини-бар и клима уред. Исто така во својата понуда вбројува соби за семејства кои се меѓусебно поврзани.
Услуга
Услугата во хотелот е на база полупансион (појадок и вечера), самопослужување на шведска маса.
Два ресторани кои ви нудат традиционални туниска јадења со свежи состојки и единствена комбинација на зачини, риба, јагнешко, мергез (зачинети колбаси), пилешко и зеленчук, кус-кус, колачи како што се брик (еден вид полнети колачи) како и интернационална кујна.
Други содржини
Лоби бар со освежителни пијалоци. Закуски и пијалоци покрај базен во снек бар, бар на плажа, Спа центар со масажи, хидро-масажи, внатрешен базен со топла вода, турска бања и амам. Сали за состаноци опремени со најнова технологија.
Спорт и забава
Три базени, два надворешни и еден внатрешен базен.