Локација
Хотелот се наоѓа во Ел Кантауи, на 7 км од центарот на Сус, на 5 минути од пристаништето на Порт Ел Кантауи и терените за голф и продавници. Аеродромот во Монастир е одалечен 25 км.
Општи податоци
Хотелот е изграден во 1992 година а целосно е реновиран во 2010 година. Гостите ги пречекува фоаје со 24-часовна рецепција, интернет, во склоп на хотелот има менувачница, штанд за весници, паркинг и сервис услуга за изнајмување велосипеди.
Сместување
Во својот капацитет вбројува вкупно 233 сместувачки единици. Удобни соби уредени во модерен стил. Сите соби имаат клима, сателитска ТВ, мини-бар, телефон, сопствена бања со када / туш и фен, интернет, балкон.
Услуга
Услугата е на база се вклучено, во главен ресторан на шведска маса избор од повеќе јадења согласно хотелските правила. Гостите можат да вечераат во ресторанот или да уживаат во пијалок во еден од баровите.
Останати содржини
Ресторани, снек бар покрај базен, барови, ноќни клубови и продавници во непосредна близина.
Спорт и забава
Oтворен базен, внатрешен загреан базен, 2 тениски игралишта, теретана и игралиште., , чадори за сонце и лежалки поставени на терасата за сонце. Аеробик, пинг-понг, билијард, стрелаштво, одбојка, забавна програма за деца, детско игралиште, детски клуб. Спа центар, сауна, парна соба, солариум, масажи, спа третмани (со доплата).
Плажа
На 500 метри од хотелот со лежалки и чадори за сонце.